📽️ ВЕШТАЧКИ ОБЛАЦИ СЕ ПРИЧИНАТА ЗА ПОТОПОТ ВО ДУБАИ? Градот уште не може да се соземе од поплавата
Сепак, експертите рекле дека иако техниката на „сеење облаци“ можела да ги зголеми врнежите, погрешно е да се претпостави дека е причинител на таков „невиден“ дожд, а таквите претпоставки ги нарекле „теории на заговор“.
Вештачкото создавање облаци се смета за виновникот зад рекордниот дожд кој го поплави Дубаи и уби барем еден човек, објави британски Телеграф. Улиците во градот и денеска се поплавени, туристите бегаат, а аеродромот не функционира. Како да се објасни фактот што во последните 24 часа во Дубаи наврна двојно повеќе дожд одошто обично врне за цела година и тоа најмногу во последните 75 години?
„Сеењето облаци“, вештачки начин за предизвикување дожд, во Дубаи било воведено во 2002 година. Оваа техника подразбира авиони кои инјектираат хемикалии во облаците за да се забрза кондензацијата на вода, што создава врнежи. Вака се намалува грижата за суша и за квалитет на водата.
Од друга страна, пак, „Нешнал“, државен весник во Абу Даби, цитирал анонимен службеник, од Националниот центар за метеорологија, кој тврди дека немало „сеење облаци“ во вторникот, денот на врнежите. Официјалниот претставник рекол дека операцијата била извршена во неделата и во понеделникот.
Сепак, експертите рекле дека иако „сеењето облаци“ можело да ги зголеми врнежите, погрешно е да се претпостави дека е причинител на таков „невиден“ дожд, а таквите претпоставки ги нарекле „теории на заговор“.
По 24 часа, Дубаи сѐ уште се справува со водата, иако растат стравовите за ново невреме. Ова е најмногу дожд што некогаш го зафатил градот откако се мерат врнежите во 1949 година. Владата на Обединетите Арапски Емирати им нареди на вработените и на студентите во Дубаи да работат на далечина втор ден по ред поради исцрпувачките бури.
– Авионите не можат да полетуваат поради поплавената писта, градот стана една голема река и нема каде да одиме. Метрото е целосно под вода – сведочи за српски „Блиц“ жена од Белград која живее таму.
Dubai is flooded. Why? pic.twitter.com/e2eV6iv8Yx
— Minhajul islam (@Minhajulis46938) April 17, 2024
Y la ciudad de Dubai 🎵
Se parece a Barranquilla! 🎵 pic.twitter.com/gbOUE1uQnM— Pepe™ (@BelisaurioRex) April 17, 2024
⛈️🇦🇪 A rescue team in Dubai saved a cat clinging to a car handle after heavy rain 🤍. pic.twitter.com/E4DWxkuIjU
— Total Randomness (@Totalrandome) April 17, 2024
– Се’ изгледа како сцена од некој апокалиптичен филм, се’ е во застој. Никој не очекуваше ваква ситуација. Мештаните ми велат дека вакви поплави немало во последните 75 години. Тука е целосен хаос, градот е под вода. Луѓето се во паника, ова навистина е надвор од контрола – додава таа.
Очајните туристи се обидоа да побегнат од градот, но снимката на социјалните мрежи од аеродромот во Дубаи, еден од најпрометните аеродроми во светот, покажа дека патниците спијат на подот додека чекаат летови.
Habibi you’re in a submarine 😭😭#Dubai #dubairain pic.twitter.com/uWfgLfq2wG
— WorldNews (@FirstWorldNewss) April 17, 2024
Патиштата околу аеродромот се поплавени. Сведоците на аеродромот рекоа дека немало празни места во чекалната.
Снимките од Дубаи покажуваат поплавени скапи автомобили оставени на сред улица додека нивните сопственици се обидувале да се спасат.
На едно од видеата се гледа како авионот едвај се движи поради количеството вода на пистата. Од терасите летаат предмети како столици и маси.