ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА МОЖЕБИ ВЕЌЕ Е САМОСВЕСНА Запрепастувачка изјава на научник од OpenAI

Илја работа на вид на интелигенција наречен Општа вештачка интелигенција (АГИ). Во документарецот „Ај-Хјуман“ (Јас Човек), тој дури изјави дека АГИ ќе ги „реши сите проблеми што ги имаме денес“, а потоа предупреди дека ова интелигенција ќе го поттикне „потенцијалот за создавање бескрајно стабилни диктатури“.

458

„Можеби денешните големи невронски мрежи се веќе по малку свесни“, изјавил Илја Сутскевер, главниот научник и истражувач од познатата организација ОпенАИ, која развива напредна вештачка интелигенција. Оваа изјава доаѓа како шок за многумина, иако не е тајна дека научниците општо сметаат дека вештачката интелигенција (АИ) напредна доста во изминатава деценија и дека е сè поблиску до човековата памет, пишува Футуризам.

 






Можно е Сутскевер со оваа изјава да се шегувал, но исто така можеме одлично да замислиме како еден врвен истражувач на АИ веќе размислува за светот и неговата иднина. Конкретно, Илја работа на вид на интелигенција наречен Општа вештачка интелигенција (АГИ). Во документарецот „Ај-Хјуман“ (Јас Човек), тој дури изјави дека АГИ ќе ги „реши сите проблеми што ги имаме денес“, а потоа предупреди дека ова интелигенција ќе го поттикне „потенцијалот за создавање бескрајно стабилни диктатури“.

Овој негов нов твит, сепак, го означува првиот пат кога Сутскевер, кој го основаше ОпенАИ заедно со милијардерот Илон Маск и со извршниот директор на компанијата, Сем Алтман, во 2015 година, се чини дека тврди дека машинската свест веќе пристигнала.

Уште почуден е фактот и дека ОпенАИ е основана како непрофитна организација наменета да ги ограничи „ризици врз човековата егзистенција што ги претставуваат самосвесните машини кои ќе имаат чувства“ и тоа пред компанијата да се нурне во истражувања со кои ќе ја создаде моќната вештачка интелигенција.

Во 2019 година, Илон Маск ја напушти организацијата поради веста дека научниците направиле генератор на текст за „лажни вести“ за кој некои веруваа дека е премногу опасно да се објави. Маск рече дека ја напушта организацијата, основана во 2015 година, затоа што „не се согласува со некои работи од тие што тимот сакал да го направи“ и затоа што не бил вклучен во работата повеќе од една година. Само еден месец подоцна, од ОпенАИ обзнанија дека повеќе не се непрофитна организација и дека сега работат на моделот „ограничен профит“.

ОпенАИ имаше доста скандали во изминатите години. Еднаш, тие извадија чат-бот под името ГПТ-3 кој кажуваше педофилски реченици, па група гејмери мораа да „го убедуваат“ да не го прави тоа. Оттогаш ОпенАИ го реконфигурираше ботот велејќи дека програмата сега има подобро поведение.

Свесна или не, вештачката интелигенција брзо напредува. А, особено е застрашувачки кога главниот инженер ќе изјави дека, ете, таа можеби веќе е по малку самосвесна.

Поврзани содржини