ВЕНЕЦИЈА Е ПРВ ГРАД КОЈ ЌЕ НАПЛАЌА ЗА ВЛЕЗ Еве колку ќе чини билетот
Целта на оваа мерка е да се намали притисокот од многуте туристи врз античкиот италијански град Венеција кој тоне секоја година.
Почнувајќи од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот.
Целта на оваа мерка е да се намали притисокот од многуте туристи врз античкиот италијански град кој тоне секоја година.
Посетителите кои доаѓаат во градот на еден ден ќе треба да купат билет од 5 евра,
Првично, билетите ќе бидат потребни само за 29-те најпрометни туристички денови во текот на 2024 година, главно за викенди од мај до јули.
Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, вети дека новиот систем ќе биде наметнат „нежно“, без строги контроли и без редици за билети, отфрлајќи ги шпекулациите дека градот ќе постави бариери или контролни пунктови на улиците. Тој го опиша потегот како „експеримент, прв во светот, кој има за цел да ја направи Венеција попријатна за живеење“.
Инспекторите ќе бидат стационирани во и околу главните влезови на градот, особено на железничката станица Санта Лусија.
Туристите кои немаат билет ќе добијат инструкции како да купат, но може да ризикуваат казни од 50 до 300 евра доколку ги игнорираат.
Само дневните туристи, кои ќе дојдат во стариот дел од 8.30 до 16.00 часот, ќе плаќаат, а од ова се ослободени оние кои престојуваат во хотели, на возраст до 14 години и лицата со посебни потреби.
Дали ваквата мерка ќе даде резултати, внимателно ќе се следи и во другите туристички дестинации низ светот кои се борат да се справат со масовниот туризам.
Долго се дискутираше за системот за издавање билети, но неговата имплементација постојано беше одложувана поради загриженоста дека сериозно ќе ги намали приходите од туризмот и ќе ја загрози слободата на движење.
Венеција, која се простира на повеќе од 100 мали острови и островчиња во североисточна Италија, се смета за еден од најубавите градови во светот.