ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК, ДЕН ЗА ФАРБАЊЕ ЈАЈЦА! Традиција, значење и вапсување на велигденските црвени јајца на природен начин
„Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“
Кога бев мала, на Велики четврток баба ми не будеше такашто по лицето ни го тркалаше првото црвено јајце кое го имаше офарбано тоа утро.
Велеше: „црвено, бело, дебело“! И сѐ беше добро додека не потпораснавме и почнавме сѐ потешко да се будиме за да одиме на училиште, а и почнуваше да не нервира она „дебело“.
Потоа баба ми почина, па мајка ми се обидуваше да ја продолжи традицијата, ама ние веќе не бевме оние мали, слатки дечиња, туку бевме веќе тинејџери кои ги нервира сѐ живо, а не пак некој да им поминува со јајце по лицето и да им вели „црвени, бели и дебели“.
И така почна да ги фарба јајцата сѐ подоцна, а потоа веќе и не стануваше рано наутро во четврток туку најчесто ги фарбаше сите јајца во сабота, кога не одеше на работа.
Ете толку од традицијата.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.