ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ИМА ПЛАН ЗА КОМПЈУТЕРСКА НАДМОЌ Ќе обучи милиони работници да ракуваат со вештачка интелигенција

Програмата ќе опфати и студенти, со цел технолошко описменување на сите генерации.

1,527

Велика Британија до 2030 година, ќе обучи повеќе од 7,5 милиони луѓе и работници да користат вештачка интелигенција и ќе ја зголеми компјутерската моќ на државата за дури 20 пати, објави денеска премиерот Кир Стармер на Лондонската недела на технологијата.

Иницијативата се реализира во партнерство со 11 компании и со целосна поддршка од британската влада.






– До крајот на мандатот ќе можеме да им кажеме на родителите низ цела Британија: „Погледнете што може да ви даде технологијата“ – изјави Стармер.

Според него, новиот пристап треба да донесе реална корист – подобри јавни услуги, отворање добри работни места и директна финансиска добивка за граѓаните.

Програмата ќе опфати и студенти, со цел технолошко описменување на сите генерации. Исто така, со инвестиција од 1 милијарда фунти, британската влада има амбиција да ја позиционира земјата како лидер во глобалната трка за доминација во сферата на вештачката интелигенција.

Поврзани содржини