ВЕЛИГДЕНСКИ ДЕЛИКАТЕСИ Што има на велигденските трпези низ светот?
За Велигден главни протагонисти се велигденските јајца, но по важноста не заостанува ниту велигденскиот обреден леб или колач, попознат како милиброд. Еве што се подготвува традиционално и во другите земји
Велигденската трпеза е различна во различни делови од светот, па еве неколку идеи доколку сакате овој Велигден да испробате нешто поинакво од она што е традиционално кај нас.
Русите за Велигден прават „кулич“, а Бугарите „козуњак“. Во Италија пак традиционално се јаде посебна велигденска „torta di Pasketa“, солен колач со варени јајца и спанаќ, а во Швајцарија се подарува велигденска голубица „paloma di paskva”, колач со суво овошје. И кај нас, и во добар дел од европските земи, јагнешкото месо ја краси велигденската трпеза. Доколку тоа сакате да го направите во француски стил, би можеле да го сервирате месото со повеќе видови сирења, врвно црвено вино и квалитетно чоколадо за десерт.
Повеќе за ова, заедно со рецепти за повеќе велигденски деликатеси, побарајте на порталот „Арт кујна“.