ВАТАША НЕ Е ПОЗНАТА САМО ПО ПЕСНАТА „МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛО ВАТАША“ Во тиквешкото село се крие и винарија со одличен Вранец
За Ваташа сите сме слушнале ако ништо друго, тогаш и заради песната „Ми заплакало село Ваташа“. Но Ваташа денес не живее во историјата, туку оди напред и е сè попозната и по нешто сосема друго, винаријата Параџик и вранецот закитен со злато на Beo-wine 2020
Блаже Стојановски, алијас Блаже Параџик го запознавме на винскиот салон во Битола. Млад човек, кој со внимание ги слушаше забелешките на некои од присутните познавачи и вински критичари, без трошка самобендисаност, напротив со широко отворени очи и уши, расположен да го слушне мислењето на експертите, но и на обичните консументи на вино.
А нашиот беше: „ммм, каков Вранец!“
Да, да, неговиот вранец ни остави впечаток иако не знаевме дека станува збор за вино кое веќе добило и значајно меѓународно признание – златен медал на Beo-Wine, саем на вино во Белград, во конкуренција од над 1300 излагачи од 14 земји.
Секако, токму тоа е и виното на кој е тој најмногу горд, иако се гордее и со сите други вина од семејната визба „Параџик“.
Блаже е веќе трета генерација која живее во Ваташа. Неговите лозови насади се лоцирани во атарот на селото, на локалитетот Моклиште (на околу 4 км оддалеченост од Ваташа).
Цлиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.