ВАШИТЕ ДЕЦА ЌЕ РАБОТАТ ТРИ ИПОЛ ДЕНА НЕДЕЛНО Директорот на најголемата банка во САД ги открива предностите на ВИ
Дајмон на своите вработени им пратил писмо во кое употребата на ВИ ја нарекол „неопходна“.
„Вашите деца ќе доживеат 100 години и нема да имаат рак поради технологијата. И земено буквално, тие веројатно ќе работат три ипол дена во неделата“.
Ова го изјави извршниот директор на најголемата банка во САД, Џејми Дајмон. Во интервју за Блумберг во понеделникот првиот човек на Џеј Пи Морган вели дека во неговата банка илјадници вработени ја користат вештачката интелигенција(ВИ) за да го подобрат квалитетот на својот живот.
Тој вели дека ВИ ќе ја подобри продуктивноста на компаниите и управувањето со ризици и покрај тоа што ќе елиминира „некои работни места“. Елминирањето на работните места „секогаш е случај со технологијата“, вели тој. За него ВИ е клучна за идниот успех на банката бидејќи преку ВИ ќе се развиваат нови производи.
Дајмон на своите вработени им пратил писмо во кое употребата на ВИ ја нарекол „неопходна“.
Сепак тој признава дека ВИ носи и некои ризици:
– Технологијата направи неверојатни работи за човештвото, но, знаете, авиони се уриваат, фармацевтските производи се злоупотребуваат – има негативни работи – рече тој и додаде:
– Најголемата негативност според мене е дека вештачката интелигенција ја користат лоши луѓе за да прават лоши работи.