ВАШИОТ СИН НЕМА ЛЕУКЕМИЈА! Педијатрите кажале дека причина за лошата крвна слика е тоа што детето пиело премногу млеко

„Не знаев дека калциумот може да ја потисне апсорпцијата на железо. Хематологот на Џони рече дека повеќето родители не сфаќаат дека премногу млеко може да биде проблем“, вели мајката која се сомневала дека нејзиниот син има аутизам бидејќи секогаш бил лошо расположен и никогаш не изгледал како да е доволно одморен.

543

„Вашиот син нема леукемија“, била реченицата по која на Лаура Донован ѝ олеснало. Со оваа важна вест ѝ се јавил педијатарот на нејзиниот син. Имено, докторот бил загрижен за бледиот тен на момчето и го испратил на тест на крвта. Резултатите покажале сериозен недостаток на железо.

„Неговото ниво на хемоглобин беше помеѓу 4,5 и 5,6, а нормалниот опсег за двегодишно дете беше од 10,9 до 15. Неговата анемија беше толку тешка што разви придружен срцев шум“, рекла Донован за Инсајдер.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини