ВАШЕТО МАЛКУ ЗА НЕКОГО Е МНОГУ Седнете со вашите деца пред компјутер и помогнете им на тие што немаат
Направете повеќе и помогнете им на социјално загрозените семејства со донирање намирници преку Paket.mk кои заедно со здружението Вистински дела на Љубезност, се главни соработници на првата платформа за е-донација на храна и санитарни производи.
Платформата „Направи повеќе“ и Paket.mk започнаа донаторска акција за да им се помогне на социјално загрозени семејства да добијат намирници за време на новогодишните празници.
Box2Help е првиот проект на непрофитната организација „Направи повеќе“, основана од млади алтруисти кои се борат за драстични промени во општеството. Проектот има за цел да го намали бројот на гладни семејства во нашето општество со олеснување на процесот на донација.
Тие ја претставија првата платформа за електронска донација на храна и санитарни производи директно до домот на семејствата на кои им е потребна помош.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.