ВАСЕ ЛОНДЗА, СКОПЈАНЕЦ СО ПАРИСКА АДРЕСА И ХВАРСКА ДОКТОРСКА ТИТУЛА Најмногу дома се чувствувам во Париз, родниот град не го препознавам, а Хвар ми е под кожа

„Местото под кривата палма со години беше адресата на која ме наоѓаа разгледниците кои ги добивав од секаде во светот кадешто имам пријатели. Доволно беше да напишат само: Д-р Васке, Крива палма, Хвар“, раскажува нашиот Васко Матевски, во Скопје познат како Васе Лондза. Зборувавме со него за родното Скопје, почетокот и крајот на Лондза, за Хвар и за Монмартр, за животот, пријателите и семејството

2,165

Со години, кога и да отидевме на островот Хвар, го гледавме на истото место, под кривата палма на хварската рива.

Обично околу него имаше толпа народ, некои беа локални, повеќето туристи, а тој секогаш во бело, исончан и со широка насмевка. Ги сечкаше силуетите/портрети и им ги подаваше на оние кои му позираа и потоа воодушевено ги препознаваа своите најкарактеристични црти во овие мали ремек-дела.
Сепак, дури неодамна сфатив кој е всушност човекот.
Веќе и не се сеќавам кој од моите хварски пријатели додека барав интересни соговорници за некоја следна приказна, ми кажа: „Тука ти е д-р Васке, не знам дали си пишувала некогаш за него. И тој е од Скопје“!
Д-р Васке?!
Иако многу пати сум стоела до него и сум гледала како со ножички им прави портрети на туристите и секогаш ми бил познат, дури неодамна сфатив дека ми е познат од Скопје, а не од Хвар.
Кој е тој можеби не знаат новите генерации, но оние повозрасните го знаат, ако не лично, тогаш барем по неговиот некогашен бренд – Лондза.
Како и да е, годинава конечно се начекавме на Хвар кадешто иако повеќе не работи и понатаму доаѓа на одмор затоа што е веќе длабоко „навлечен“ на островот на кој веќе одамна го прифатиле како еден од своите.






Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Поврзани содржини