ВАЛКАНАТА ДВАНАЕСТОРКА Ова овошје и зеленчук содржат најмногу пестициди во 2025 година

Без оглед на тоа дали купувате органско или конвенционално одгледувано овошје и зеленчук, важно е темелно да ги измиете пред да ги користите – тоа е наједноставниот чекор кон поздрава исхрана.

1,658

Пестицидите се користат во одгледувањето овошје и зеленчук за заштита на растенијата од штетници, плевели и разни болести, со цел да се зголемат приносите, да се намали расипувањето на плодовите за време на складирањето и транспортот, а исто така и за да изгледаат поубаво и попривлечно.

Валканата дванаесторка е годишна листа објавена од американската непрофитна организација Environmental Working Group (EWG), која вклучува 12 видови овошје и зеленчук кои најчесто се одгледуваат конвенционално и содржат најмногу остатоци од пестициди.






Од друга страна, бројни студии покажале дека долготрајната изложеност на пестициди може негативно да влијае на здравјето – предизвикувајќи хормонални нарушувања, па дури и невролошки проблеми кај поединци.

Темелно измијте и ако е можно, излупете ги овошјето и зеленчукот

Затоа е важно неорганското овошје и зеленчук темелно да се мие под млаз вода, а се препорачува и нивно потопување во раствор од оцет, вода и сода бикарбона. За да се намалат остатоците од пестициди, најдобро е плодовите што можат, да се излупат или термички добро да се обработат.

EWG препорачува намирниците од листата „валкана дванаесторка“ да ги купувате само ако се од органско потекло, бидејќи тие се оние кои најверојатно содржат најмногу остатоци од пестициди на нивните површини.

Листата ќе ја најдете ТУКА.

Поврзани содржини