ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД Е БЕЗБЕДНА ЗА ТРУДНИЦИ ИЈЗ препорачува вакцинација и за доилки и за тие што сакаат да забременат

Досега не се пронајдени податоци за штетни состојки кои би можеле да ѝ наштетат на бремената жена како и на нејзиниот плод, ниту пак можат да предизвикаат ковид-19 акутни инфекции, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

139

Вакцинацијата против ковид-19 се препорачува за трудници. Сите кои имаат 18 години и се постари од 18, вклучително и оние кои се бремени, кои дојат, се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани. Вакцината може да заштити од сериозни (тешки) компликации при ковид-19, а здравата мајка е важна за здраво бебе, се вели во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Ако жената забремени откако ја добила првата вакцина против ковид-19, а се потребни две дози (т.е.„Фајзер“ или вакцина „Модерна“), треба да ја прими втората вакцина за да добие што е можно поголема заштита. Пред вакцинација против ковид-19 во бременоста се препорачува задолжителна консултација со матичниот гинеколог во врска со процената на возраст на пациентката, потоа гестациската старост на плодот и секако претходни индивидуални здравствени состојби, ризици и заболувања.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини