ВАКА ИЛИ ТАКА, ТРАМП СЕ „ПОЗЛАТУВА“ Тенот на американскиот претседател станува повеќе портокалов од порано – што се случува?
Некои велат дека Трамп намерно го „менаџира“ својот тен, за намерна селекција на шминка или средства кои ја потенцираат бојата, за да се постигне импресивен „сценски ефект“. Има ли вистина во оваа теорија?
Во последните денови, корисниците на социјалните мрежи и медиумите зборуваат дека тенот на Доналд Трамп е повеќе портокалов отколку во 2019 година.
Според нивните набљудувања, неговиот изглед е поинтензивно „златно‐портокалов“, со потемна и посјајна кожа, која открива голема разлика од порано. Повод за оваа дискусија беше неодамнешна вест, според која измените не се само ефект на фотографиите или на осветлувањето, туку вистинско забележливо “менаџирање” на тенот.
Трамп одамна е објект на коментари поради бојата на неговата кожа. Некогаш се тврдеше дека користи само спреј‐бронзер, или комбинација со производи за шминка. Исто така, има тврдења дека осветлувањето и филтрите на фото‐апаратите влијаат на тој впечаток. Во 2019 година Трамп самиот призна дека кога ќе го осветлат со енергетски ефикасни сијалици, изгледа повеќе портокалов.
Некои од критичарите сметаат дека станува збор за намерна селекција на шминка или средства кои ја потенцираат бојата, за да се постигне импресивен „сценски ефект“. Се наведува дека тенот понекогаш се чини неприроден, со јасни линии околу косата или очите, што посочува на користење на производи за тен, бронзер или фотошоп. Други пак велат дека станува збор за реакција на стрес или кога е пред јавноста или кога се снима.
Има и такви кои велат дека целата илузија е создадена од камерите, од условите за снимање и од осветлувањето, евентуално од природното брзо менување на тенот кое се појавува при долготрајно изложување на сонце или сончање. Аргументот во прилог на оваа теза дека фотографии без филтри, или на утринска светлината, тенот на Трамп и не толку „портокалов“.
Она што е интересно е дека ова прашање добива и политичка димензија. Во јавни говори, изгледот и визуелната презентација се важни за имиџот на политичари – портокалов тен може да се толкува како дел од стратегија за медиумско внимание, за бренд или едноставно како личен стил.