ВАКА ГО СОЗДАДОА ХИТЛЕР, САКААТ ПУТИН ДА ОДИ ДО КРАЈ Чомски вели дека војната е американски експеримент

Статусот на Украина треба да биде сличен на статусот на Австрија или на Мексико. Потоа, Украина треба да се подели на сличен начин како и Швајцарија, за руското население, особено регионот на Донбас, да може да има своја автономија во рамките на сојузната држава. Ова, според мене, е многу подобро од продолжување на војната, предлага познатиот аналитичар.

2,588

Војната во Украина е американски експеримент, а САД сакаат Путин да оди до крај, дури и ако тоа целосно ја уништи Украина, вели познатиот американски лингвист Ноам Чомски во неговото скорешно интервју на интернет. Според него, на сличен начин на Европа ѝ се случил Хитлер и затоа мора да се поработи на квалитетен договор за излез од војната, со кој и Русија би била задоволна, пренесува Мондо.

Автономија за Донбас и неутралност за Украина       






– По Првата светска војна, не беше постигнат соодветен договор што би ги задоволил сите страни во конфликтот, па ни се случи Хитлер. Поучени од ова искуство, мора да најдеме решение за овој конфликт и да направиме договор што ќе ја запре руската окупација, но и да ги постави темелите за идните односи во тој дел од светот. Според мене, еден дел од договорот треба да содржи договор за неутралност на Украина. Затоа, Украина не треба да стане членка на НАТО, за Русија во иднина повеќе да не се плаши за својата безбедност и да се чувствува опкружена со членки на НАТО алијансата. Статусот на Украина треба да биде сличен на статусот на Австрија или на Мексико. Потоа, Украина треба да се подели на сличен начин како и Швајцарија, за руското население, особено регионот на Донбас, да може да има своја автономија во рамките на сојузната држава. Ова, според мене, е многу подобро од продолжување на војната – објаснува познатиот аналитичар.

фото: јутјуб/принтскрин

Страшниот експеримент се вика „Има ли крај? “

– Најважното прашање во врска со војната во Украина е дали има крај. Тоа е страшна, криминална агресија со големи разурнувања, загуби и трагедии, која може да се претвори дури и во нуклеарна војна. Значи, клучното прашање е како да се стави крај. Постојат два начина. Едниот е дипломатски договор. Ако тоа не успее, другиот начин е – нека се тепаат, па ќе видиме што ќе биде. Последново би било страшен експеримент – вели Чомски во интернет-разговор.

– Меѓусебниот договор би бил најдобро решение, бидејќи би ја скратил агонијата и би ги отстранил потенцијалните опасности за целиот свет. Овој гротескен експеримент продолжува. Испробуваме како Путин ќе ја продолжи оваа војна, до каде е подготвен да оди и кое оружје очигледно треба да го употреби за целосно да ја уништи Украина. Мислам дека наместо да ги подриваме преговорите, треба сите сили да ги насочиме кон постигнување договор што двете страни би го прифатиле и на тој начин би помогнале да се запре ова уништување што е можно поскоро – додава Чомски, велејќи дека секое избегнување договор скапо нѐ чини.

САД го притискаат Путин преку Зеленски

Сепак, неговото мислење е дека САД и и НАТО вршат притисок врз Зеленски да ја продолжи војната, како и сè помалку да се споменува можноста за договор, но да се форсира приказната како да се продолжи конфликтот, за што сведочи снабдувањето на Украина со модерно оружје.

– Тоа е опасен американски експеримент. Тие преку Зеленски и неговите одлуки се обидуваат да извршат максимален притисок врз Путин и да видат до каде е подготвен да оди. Дали ќе го користи оружјето што го има. Тоа е ужасен експеримент кој веќе уби илјадници животи и целосно уништи делови од Украина. Во исто време, експериментот ја постави рамката за избувнување на нуклеарна војна – заклучи Чомски.

Поврзани содржини