УШТЕ ОД ЈУНИ СЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО „ЗАБИТЕ НА ЗМЕЈОТ“ Би-Би-Си анализира дали и колку напредува украинската контраофанзива
Би-Би-Си потсетува дека првиот обид на украинските сили да поминат преку „забите“ уште во јуни завршил со неуспех, „при што модерниот оклоп (на Украина) обезбеден од Западот беше осакатен и запален“. Се вели дека тогаш украинската пешадија била слично заглавена и дека биле направени ужасни жртви. Се тврди и дека ова „заглавување“ на украинските сили трае до денес.
Украинските сили тешко се справуваат со „змејските заби“ и минските полиња поставени на фронтот од страна на Русите, анализира Би-Би-Си. Во написот се вели дека нема многу напредок во контраофанзивата на „линијата на Суровикин“ каде се кријат густи мински полиња. На некои места, се вели, има и до пет мини поставени на квадратен метар.
Ова е спротивно на тврдењето на некои украински генерали дека ја пробиле првата линија на одбрана на југ.
„Змејските заби“ се систем од мали бетонски пирамиди кои Русија ги користи за да ги оневозможи украинските тенкови да преминат. Овој метод на војување Москва го користела и во Втората светска војна, а сега ги кочи Украинците во пробивот во регионот Запорожје. Надвор од оваа оска, во последните денови беа освоени селото Андриивка, Клишчивка и мали населени места кај Бахмут.
Украинците се заглавени од „забите“ уште од јуни?
Би-Би-Си потсетува дека првиот обид на украинските сили да поминат преку „забите“ уште во јуни завршил со неуспех, „при што модерниот оклоп (на Украина) обезбеден од Западот беше осакатен и запален“. Се вели дека тогаш украинската пешадија била слично заглавена и дека биле направени ужасни жртви.
Се тврди и дека ова „заглавување“ на украинските сили трае до денес.
„Оттогаш Киев мораше да прибегне кон расчистување на овие мини пеш, често ноќе, а понекогаш и под оган. Оттука и бавниот напредок до денес“.
#Ukraine is celebrating the liberation of two small towns south of #Bakhmut, but #Kyiv‘s entire effort first to defend and now to conduct counter-offensive operations around Bakhmut has been the subject of much unwarranted criticism.🧵1/7
Special Edition: https://t.co/QsHC7MkX0F pic.twitter.com/8ncNBytkgd
— ISW (@TheStudyofWar) September 17, 2023
10 отсто напредок е многу мал напредок
Би-Би-Си анализирале сателитски снимки на кои се гледа дека рововите се поставени на 250 до 300 метри. Се вели дека тенковите и оклопните возила ќе можат да напредуваат само кога ќе се расчисти доволно широк пат низ минските полиња „и кога руската артилерија таму ќе биде покорена“.
„Четири од видеата покажуваат како украинските сили ја нарушуваат руската одбрана северно од Вербове. Сепак, овие покажуваат упади, а не дека Украина успеа да ја преземе контролата врз областа“, стои во анализата.
Напредок засега само во две села
„Досега се пробиваше само украинска пешадија, и не гледаме украински оклопни колони како се пробиваат, туку ја користат празнината и ја држат веќе зафатената земја“, се додава.
Освен во селата Роботине и Вербове нема поголем напредок на фронтот долг 965 километри. Украина едвај напредуваше повеќе од 10% од патот до брегот на Азовското Море, но реалноста е многу потешка од тоа.
Како е на другата страна? Би-Би-Си пишува дека Русите се исцрпени и деморализирани по интензивните украински напади кои траат веќе три месеци, но дека се работи на засилување на персоналот и дека Русија сѐ уште има шанса да направи преврат на придобивките на украинската војска.
Ако стигнат до Токмак, ќе ги пресечат руските врски
„Ако Украина може да ја пробие преостанатата руска одбрана и да стигне до градот Токмак, тогаш ова ќе ги доведе руските железнички и патни рути за снабдување со Крим во дометот на нејзината артилерија“, пишува Френк Гарднер, авторот на анализата.
„Ако можат да го направат тоа, тогаш оваа контра офанзива може да се оцени како квалификуван успех“, додава тој.
Војната ќе трае и догодина
Сепак, авторот признава:
„Тоа можеби нема да стави крај на војната, која најверојатно ќе се одолговлекува во 2024 година, а можеби и подолго – но сериозно ќе ги поткопа воените напори на Москва и ќе ја стави Украина во силна позиција кога на крајот ќе започнат мировните преговори“.
Не е само есента, туку и кој ќе биде претседател на САД
Се споменуваат и есенските дождови и загриженоста дека тенковите ќе заринкаат во калта. Гарднер потсетува и дека изборот на нов претседател во САД, ја става во неизвесност американската поддршка на Украина во оружје, воена опрема и парични средства.
Но, оптимистички додава:
„Претседателот Путин знае дека дотогаш треба да се заостри. Украинците знаат дека треба да успеат оваа контра-офанзива“.