УШТЕ ЕДЕН НОВ СВЕТ СЛИЧЕН НА ЗЕМЈАТА? На 100 светлосни години од нас, ТОИ 700 може да „држи вода“ (ВИДЕО)
Овие две егзопланети се наоѓаат во „зоната на живот" на нивната ѕвезда, односно на растојание што би можело да значи постоење на вода на површината.
Американската вселенска агенција НАСА откри егзопланета со големина на Земјата, којашто орбитира околу мала ѕвезда оддалечена околу 100 светлосни години.
Планетата наречена ТОИ 700 е, веројатно, карпеста и речиси со иста големина како нашата планета. Небесното тело ја претставува четвртата откриена планета што орбитира околу малата, студена џуџеста ѕвезда М ТОИ 700. Сите планети се откриени од страна на истражувачкиот сателит за егзопланети на НАСА, познат како ТЕСС.
Scientists have identified an Earth-size world, called TOI 700 e, orbiting within the habitable zone of its star.
Data from NASA’s Transiting Exoplanet Survey Satellite
Credit: NASA/JPL-Caltech/Robert Hurt/NASA’s Goddard Space Flight Center pic.twitter.com/7F5QSbaJ7L— Science Channel (@ScienceChannel) January 12, 2023
Друга планета од истиот систем, која беше откриена во 2020 година и наречена ТОИ 700 д, исто така е слична по големина на Земјата. Овие две егзопланети се наоѓаат во „зоната на живот” на нивната ѕвезда, односно на растојание што би можело да значи постоење на вода на површината. Можноста за вода значи дека планетите би можеле да бидат погодни за живот или некогаш биле.
Откривањето на новата планета беше официјално потврдено на 241-от состанок на Американското астрономско друштво.
Најблиску до ѕвездата е планетата ТОИ 700 б, која има 90 отсто од големината на Земјата, но еден круг околу ѕвездата ѝ трае 10 земјини денови. Тука е и ТОИ 700 ц, кој е 2,5 пати поголем од нашата планета и еволуира за 16 дена, и како и првата, секогаш е свртени кон ѕвездата со истата страна, како што Месечината, на пр., секогаш е свртена кон Земјата со едната, иста страна.
TOI-700 e has an orbital period of 27.8 days, which puts it within the optimistic habitable zone of TOI-700. This is the slightly expanded version of the conservative habitable zone, which accounts for the fact that we know Venus and Mars once had liquid water on their surfaces. pic.twitter.com/sU2e1tbx10
— Dr. Emily Gilbert (@EmDwarf) January 10, 2023
Други две егзопланети во зоната на живот на ѕвездата, наречени Д и Е, имаат подолги орбити кои траат, соодветно – 37 и 28 дена. Тие се подалеку од својата ѕвезда. А, новооткриената планета всушност се наоѓа меѓу овие две.
Мисијата ТЕСС почна со работа во 2018 година. Цел на набљудување првично беше јужното небо, а потоа се сврте кон север. Во 2020 година, мисијата се врати на југ и ја откри четвртата планета во системот ТОИ 700.