УШТЕ ЕДЕН БИСЕР ОД НАШИТЕ КРАИШТА Мецосопранот Даниела Тошиќ има успешна музичка кариера, живее во Бостон и понекогаш копнее по балканските смокви
Даниела Тошиќ, мецосопран со македонско-српско потекло и американско државјанство, веќе долго има успешна кариера од онаа страна на „барата“, а секогаш наоѓа време и за заеднички проекти со македонски уметници. Со Дуке Бојаџиев, меѓудругото, соработувала и на новиот документарец на режисерката Тамара Котевска (The Walk), а нејзиниот глас го има на минута или две и во филмот „Пред дождот“. Со Даниела се сретнавме во центарот на нејзиниот роден град – Скопје.
Мецосопранот Даниела Тошиќ, што би рекле Србите (а таа е по татко Србинка, а по мајка-Македонка), е од наша гора – лист.
Пуштила коренчиња во далечната Америка кадешто пред околу 35 години отишла на посета и останала засекогаш, а сега е веќе здраво вкоренета со кариерата, семејството и работата.
Прво магистрирала пеење, па се омажила, родила две деца и успеала да направи завидна музичка кариера како дел од неколку групи кои се главно специјализирани за репертоари на рана, современа и светска музика.
Во родниот град Скопје и во соседна Србија, поточно, во Белград, кадешто растела и се школувала, доаѓа одвреме навреме, кога ќе почувствува желба да се извиди со пријателите и роднините кои живеат во овој дел од светот.
Даниела е солистка и камерен музичар, а она што вели дека ѝ е во срцето и на што ја посветила својата кариера, е средновековната музика.
За успехот со Тапестри, Румбароко, Ла Дона Музикале…, како и за уште многу други нешта, прочитајте на порталот „Мајка и дете“.