УРАГАН БИЛ ДРЕВЕН БОГ НА МАИТЕ Зошто невремињата носат женски имиња?

Првата жена метеоролог која јавно се изјасни против оваа практика беше Рокси Болтон. Таа посочи дека не е фер жените толку произволно да се поистоветуваат со катастрофи и започна кампања за „еднаквост“. Но, некои од бурите имаат и машки имиња.

1,217

Името Хуракан на бог на дрвеното племе Маи е потеклото на денешниот збор ураган кој метеоролозите го користат за да ги опишат силните ветрови. Во времето на Маите, кои живееле во Јужна Америка, Хуракан бил врховниот демиург кој е одговорен за создавањето на целиот живот а земјата. Сите други богови биле манифестација на Хуракан.

Ураганите се многу поголеми и подолги од торнадата, кои можат да траат и само неколку секунди до еден час. Најсилниот регистриран ураган досега достигнал брзина од 345 километри на час. Ураганите можат да бидат високи до 15 километри и широки до 600, а предизвикуваат и цунами. Ветрот се собира во вител околу точка со низок притисок, обично над океанот во тропските региони на планетата.






Додека полуостровот Флорида се опоравува од страшниот ураган Милтон, а невремето Кирк јуриша во Европа, се поставува прашањето зошто денеска повеќето вакви појави имаат женски имиња како Арлин и Катрина?

За изборот на името денеска е задолжена Светската метеоролошка организација (СМО), која има строга процедура. Списокот со имиња се ротира на секои шест години, но во случај на силно невреме со голем број жртви, тие имиња се отстрануваат од списокот со имиња што ќе се користат во иднина.

Во 1953 година, Америка почна да користи женски имиња за бури, а до 1978 година, и машките и женските имиња беа користени за да се разликуваат бурите во Северниот Пацифик. Практиката ураганите и бурите да се именуваат исклучиво со женски имиња набрзо ја следеа и земји како Австралија и Нов Зеланд.

Првата жена метеоролог која јавно се изјасни против оваа практика беше Рокси Болтон. Таа посочи дека не е фер жените толку произволно да се поистоветуваат со катастрофи и започна кампања за „еднаквост“, пренесува хрватскиот портал Дневник.

Списокот со имиња се ротира на секои шест години, но во случај на силно невреме со голем број жртви, тие имиња се отстрануваат од списокот со имиња што ќе се користат во иднина.

Во 2017 година имињата Харви, Ирма, Марија и Нејт влегоа во историјата. Името Ида беше пензионирано во 2021 година, а кога списокот повторно ќе се користи во 2027 година, името ќе биде заменето со Имани. Според податоците на Светската метеоролошка организација, од 1953 година досега се повлечени 94 имиња.

Во минатото, имињата на бурите се избираа по случаен избор.

На пример, бурата што го погоди бродот по име Антје и го уништи неговиот јарбол се викаше „Ураган Антје“.

Стотици години, имињата на бурите ги избирале светците или местата каде што бурите удирале, како што е ураганот Галвстон од 1900 година. Дури подоцна метеоролозите почнале да го следат азбучниот систем, каде што името на првиот ураган на сезоната би започнала со буквата А, втората со буквата Б и така натаму.

 

Поврзани содржини