КАКВИ СЕ НОВИТЕ ДРОНОВИ ШТО ЌЕ ГИ КОРИСТИ УКРАИНА? Летаат и до шест часа, користат инфрацрвена светлина (ВИДЕО)

Дептула е дел од бордот директори на одбранбената компанија „Aevex Aerospace“. Според него, авиончето може да полета вертикално, да биде во воздух повеќе од шест часа додека ја бара или ја следи целта и да работи ноќе со помош на инфрацрвени сензори.

1,255

Неделава САД најавија безбедносна и економска помош за Украина во вредност од над милијарда долари. Пакетот „вклучува тешко артилериско оружје, десетици хаубици и 144.000 парчиња муниција со тие хаубици“, потврди претседателот Џо Бајден. Но, во опремата беа најавени 121 беспилотно летало од типот „Фантом Феникс“, специјално дизајнирани за украинската одбрана. Ќе ѝ „завршат ли работа“ овие камикази на Украина?






Фантомот Феникс е „различен тип на авионче, тоа е авионче во еден правец кое е ефикасно против средно оклопни копнени цели“, изјави пензионираниот генерал-полковник Дејвид Дептула за Политико. Веројатно тоа е она што е познато како „камиказе беспилотни летала“ – нов тип на оружје, способно прецизно да следи и идентификува цели на долги дострели, идеално за војни каде едната страна има значително помалку сили, како во Украина, пишува ИФЛ Наука.

Дептула е дел од бордот директори на одбранбената компанија „Aevex Aerospace“. Според него, авиончето може да полета вертикално, да биде во воздух повеќе од шест часа додека ја бара или ја следи целта и да работи ноќе со помош на инфрацрвени сензори.

– Дронот може да се користи со минимална обука и во дизајнот е блиску до беспилотните летала „Switchblade“ кои веќе се испорачани во Украина, со таа разлика што „Switchblade“ може да лета помалку од еден час – вели научникот.

За разлика од други типови дроновои, Феникс е дизајниран специфично за напад, а не за извидување на теренот.

– Тој е развиен за сет на барања кои многу се совпаѓаат со она што им треба на Украинците во моментов во Донбас – изјави Џон Кирби, секретарот за печат на Пентагон.

Малку се знае за новиот дрон, а високите претставници од Пенгатон и од компанијата производител одбиле да дадат подетални изјави.

Поврзани содржини