УКРАИНСКИТЕ ЛАБОРАТОРИИ РАБОТЕЛЕ СО ЗАРАЗЕНИ ПТИЦИ? Русите објавија низа документи (ВИДЕО)

Во документите кои ги презентираше руското Министерство, се спомнуваат термини како LPAIV и HPAIV, (висока и ниска авиан инфлуенца), па дури и контејнери со „ектоплазматични“ патогени од лилјак, дадени се слики од разни гуски, утки и други птици на кои наводно им биле врзувани прстени за да летаат и до 2.000 километри на североисток кон Русија.

2,428

Опасните биолаборатории во градовите Киев, Харков и Одеса во Украина служеле за да се „проучи можноста за ширење на особено опасни инфекции преку птиците преселници“, изјави денеска заменик-претставникот за Москва во ОН, Дмитриј Полјански, кој го обвини Пентагон за финансирање на операцијата, пишува РТ.

На брифинг на руското Министерство за одбрана утринава беа прикажани документи од украинските истражувања во биолабораториите, меѓу кои влегуваат и  птиците преселници кои наводно требале да пренесат опасни патогени од Украина на руска територија. Министерството дава и линк до документите во самата твитер-објава.

 






Во нив се спомнуваат термини како LPAIV и HPAIV, (висока и ниска авиан инфлуенца), па дури и контејнери со „ектоплазматични“ патогени од лилјак, дадени се слики од разни гуски, утки и други птици на кои наводно им биле врзувани прстени за да летаат и до 2.000 километри на североисток кон Русија.

Од своја страна, Киев и Вашингтон ги негираат обвинувањата на Кремљ, велејќи дека лабораториите служеле само за цивилни истражувања.

Поврзани содржини