УКРАИНСКИ МИЛИОНИ ВО МАТНИ ЗДЕЛКИ НА ХРВАТСКОТО ПРИМОРЈЕ Контроверзната Украинка ненадејно продала три од четирите хотели во Сплит

Тетјана Глињана, контроверзната Украинка, сопственичка на компанијата што ги снабдува со храна украинските вооружени сили, ненајдејно ги продала компаниите кои управуваа со акции во хотелите Мирари, Ора и Лукс на хрватското приморје.

777

Сопственичката на компанијата што му продава храна на Министерството за одбрана на Украина, Тетјана Глињана, ненадејно продала три хотели во Сплит, објави „Слободна Далмација“, повикувајќи се на податоци од Сплитскиот стопански суд, пренесува Индекс.хр

Глињана ги продала компаниите кои управуваа со акции во хотелите Мирари, Ора и Лукс на хрватското приморје.






Украинскиот портал NV Biznes минатата недела објави дека Глињана станала сопственик на четири хотели во Сплит. Новинарот на украинскиот портал на крајот на минатата година дознал од соговорник, за кого вели дека е запознаен со состојбите во сплитската хотелска индустрија, дека најмалку три хотели во Сплит неодамна добиле нов сопственик од Украина.

„Таа седеше во салата активно и даваше инструкции на локалниот персонал на украински. Тие велат дека има фабрика за преработка на месо некаде во близина на Била Церква“ – откри анонимен извор. Тој откако ја видел фотографијата на Глињана потврдил дека тоа е таа.

Според податоците од јавните регистри, во Хрватска може да се утврди дека Глињана била сопственик на фирмите Zen Adria d.o.o., Pigment d.o.o. од есента 2023 година и на Mimoza d.o.o,  додека Глињана во 2016 година ја основа и компанијата Nazarii d.o.o., чиј сопственик извесно време беше нејзината ќерка Ирина Кут. Седиштето на компанијата Nazarii е во Брела, на адресата која најверојатно е хрватската резиденција на Тетјана Глињана.
Овие компании во Сплит ги поседуваат хотели Мирари (18 соби, ресторан и базен на покривот), Ора (24 соби, ресторан и конгресен центар за 50 лица), Лукс (30 соби, ресторан, СПА центар и конференциска сала за 8 лица) и Пош (6 соби, базен на покривот, спа центар).
Според информациите објавени на веб-страниците на агенциите за недвижности во Сплит, хотелите на слични локации со 18 или повеќе соби чинат од 2,5 до 3 милиони евра. Со други зборови, за купување на четири хотели во центарот на Сплит биле потребни повеќе од 10 милиони евра, пишува порталот NV Biznes.
Украинскиот портал пишува и дека Тетјана Глињана од Била Черква, град во централна Украина, е на чело на една од најголемите бизнис-групи кои доставуваат храна за вооружените сили на Украина од декември 1995 година.

Таа е основач на четири компании од Групацијата Била Черква кои во различни периоди беа или сè уште се снабдувачи со храна за украинската армија.

Украинските медиуми претходно пишуваа дека компанијата Гранд Консалт, една од четирите во грпацијата на чие чело е Глињана, му продава храна на Министерството за одбрана по многу високи цени.

Името на Тетјана Глињана се споменуваше и во аферата од 2015 година, кога полковникот на Националната гарда беше обвинет дека ја наместил победата на јавен тендер за конзервирана храна за војската во замена за 10% од сумата на договорот.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека се шират лажни информации за набавка на храна за војската по напумпани цени со цел намерна манипулација и измама. Велат и дека покренале внатрешна истрага, чии резултати ќе бидат проследени до украинската тајна служба заедно со извештај за свесно ширење лажни информации.

ЗА НИВ ВОЈНАТА ЗНАЧИ САМО ПРОФИТ Како украинска профитерка купила 4 хотели во Сплит за 10 милиони евра

Поврзани содржини