УКРАИНСКА ПЛЕЈБОЈ ЗАЈАЧИЦА ГОТВИ ЗА ВОЈНИЦИТЕ Астафиева реши да лупи краставици и компири
Во фотка на својот Инстаграм таа објави како лупи компири, краставици и зеленчуци. Таа се сликала заедно со други жени во кујната со намирниците.
Украинската манекенка, пејачка и поранешна Плејбој зајачица Даша Астафиева во моментов волонтира во воената кујна, каде се подготвуваат оброци за украинските војници. Во фотка на својот Инстаграм таа објави како лупи компири, краставици и зеленчуци. Таа се сликала заедно со други жени во кујната со намирниците, пренесува Б92.
Даша Астафиева е родена во Украина во 1985 година. Кога била девојче, Астафјева пронашла копија од Плејбој во плакарот во куќата на нејзиното семејство.
View this post on Instagram
– Бев шокирана бидејќи не разбирав колку убаво може да биде женското тело. Тогаш си реков дека еден ден ќе сакам да позирам за во списание. Имав само 9 години – изјави таа во интервју за АскМен во 2008 година.
Астафиева почна да се занимава со манекенство во 2003 година, а пет години подоцна стана една од основачите на украинското поп музичко дуо Никита.
View this post on Instagram
Таа беше прогласена за „Плејбој“ на годината за украинскиот Плејбој во 2007 година, а две години подоцна, во јануари 2009 година, Астафиева беше девојка на месецот на Плејбој. Таа беше и на насловната на спиаснието по повод 55 години од основањето на магазинот.