УДАР ЗА ВЕГАНСТВОТО? Хранлива состојка од говедското месо и млечните производи помага во борбата против ракот
Молекулата која природно се наоѓа во човечкото млеко и во животинските производи, како што се месото и млечните производи, може да се инфилтрира во туморите и да ги убие клетките на ракот, покажала студијата.
Истражувачите од Универзитетот во Чикаго проучувале различни хранливи материи кои влијаеле на растот на клетките на ракот и способноста за лекување на ракот, фокусирајќи се конкретно на трансвакценската киселина (ТВА).
Тие откриле дека пациентите со рак со повисоки нивоа на ТВА во крвта подобро реагираат на лекувањето, што укажува на тоа дека би можел да има голема корист како додаток во исхраната.
Важно е да не се претерува
Сепак, научниците предупредија дека е важно да не се преоптоварува исхраната со месо и млечни производи, бидејќи тие можат да доведат до опасно високо ниво на холестерол и поголем ризик од срцеви заболувања.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.