УЧЕНИЦИТЕ ОД „НИКОЛА КАРЕВ“ ГО ПОЧЕСТИЈА ДЕДО ИСМАИЛ „Каревци“ го однесоа стариот бездомник во берберница
Ученици од гимназијата „Никола Карев“ ја направија горда нивната професорка која на својот ФБ профил се пофали со нивното добро дело – го однеле на стрижење и бричење стариот бездомник кој често седи пред нивното училиште
На својот Фејсбук профил професорката по социологија во гимназијата „Никола Карев“ ги пофали своите ученици за направеното добро дело.
Имено, учениците го почестиле бездомникот кој често седи пред гимназијата со разговор, сендвич, чист џемпер и маица и стрижење и бричење во берберница во ТЦ „Лептокарија“.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.