ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА НА НАЈДОБРИОТ КОШАРКАР ВО НБА Никола Јокиќ и Наталија се нераздвојни уште од школските денови
- Ми се допадна на прв поглед, но откако се запознавме, половина година бевме само пријатели – открива Јокиќ.
Никола Јокиќ ја прослави првата шампионска титула во НБА со Денвер нагетс и првото МВП признание во друштво со своите соиграчи и со своето семејство, со сопругата Наталија и малата ќерка Огњена која цело време ја носеше на раменици.

Српскиот кошаркар и во поздравниот говор истакна колку му значи семејството и поддршката што ја има од своја сопруга со која се заедно долго време.
Наталија е негова средношколска љубов. Никола и Наталија се запознале и почнале да се забавуваат во средношколските денови кога Јокиќ се уште живеел во Војводина.
View this post on Instagram
– Ми се допадна на прв поглед, но откако се запознавме, половина година бевме само пријатели – откри Јокиќ во едно интервју.
Интересно е дека сопругата на Јокиќ, Наталија, всушност, прва заминала во Америка, да студира. Јокиќ тешко го поднел нејзиното заминување, но, набрзо и тој и се придружил и веќе никогаш не се разделиле.
View this post on Instagram
Двојката се венча во 2020 година, а една година подоцна ја добија ќерката Огњена. Јокиќ го опиша раѓањето на неговата ќерка како најважниот настан во неговиот живот.
View this post on Instagram
Наталија често објавува семејни фотографии на Инстаграм и тие се многу омилени ликови на Интернет.
Некои од нивните следбеници од милост дури ги нарекуваат „кралското сермејство од Денвер“.