ЉУБОВ Е НЕЈЗИНОТО ИМЕ, А ГИ ВОДИ СИТЕ БИЗНИСИ Вдовицата на Пригожин успешно се крие од јавноста
Синџирот бутици Музеј на чоколада во Санкт Петербург е нејзиниот заштитен знак. Хороскопскиот знак ѝ е рак. Тежи околу 5 милиони долари, за разлика од сопругот чие вкупно богатство се проценува на милијарда евра. Нејзината етничка припадност е измешана, но се идентификува како Русинка.
Намерно избрала да држи низок профил и да не се експонира во јавноста, а всушност игра битни улоги во компаниите на нејзиниот сопруг. Љубов Пригожина, 53-годишната вдовица на Евгениј Пригожин, лидерот на „Вагнер“ дојде во очите на јавноста по ненадејната смрт на сопругот во авионска несреќа под неразјаснети околности во 30-минутен лет во авион за кој се шпекулира дека бил негов.
Пригожина дипломирала за фармацевт, а сопственичка е на велнес центар во регионот Ленинград, на бутик хотел наречен Кристал Спа & Ресиденс, сопственичка е на подржница на фирмата консултантската фирма Конкорд ЛЛЦ на Пригожин и последно, на уште една компанија од групацијата Конкорд.
Синџирот бутици Музеј на чоколада во Санкт Петербург е нејзиниот заштитен знак. Хороскопскиот знак ѝ е рак. Тежи околу 5 милиони долари, за разлика од сопругот чие вкупно богатство се проценува на милијарда евра. Нејзината етничка припадност е измешана, но се идентификува како Русинка.
Сајтот mybiographypage ја проценува нејзината висина на 167,6 сантиметри според објавите на социјалните мрежи. Оскудни се информациите кои се достапни во врска со неа.
И покрај санкциите за Пригожин кои беа воведени на почетокот на војната Љубов продолжи да го поддржува. Таа зазема централна позиција во управувањето со операциите на „Вагнер Груп“.
Како ќе биде поделено богатството на Пригожин?
Плусинфо веќе пишуваше за фамилијата Пригожин и за улогата на неговата мајка Виолетта во семејните бизниси.