ЊУЈОРК ВО БИТОЛА Битолчани се дружеа со винарите во бруклински амбиент

И на ова издание на Винскиот салон во Битола – SLOW WINE 2022, организаторите, Слоу фуд Македонија, повторно ја покажаа својата креативност. Целата идеја, изборот на просторот, амбиентот и музиката, беа уште еден доказ дека битолчани се перфекционисти. Нема кај нив само храна и вино, туку сѐ е претстава и театар, еден убав спој на уметноста и животот.

234

Викендов, поточно, во саботата (3 декември), бидна и винскиот салон во Битола – SLOW WINE 2022, настан кој се најавуваше и се одбројуваше цела недела, а се чекаше цела година. Организаторите, Слоу фуд Македонија, можат да бидат задоволни бидејќи пофалбите за нив, дефинитивно, не се само куртоазни. Зошто се толку посебни?

Посебни се поради посветеноста, темелноста, страста која ја вложуваат во организацијата на секој настан, па и на овој. И ако мислите дека винскиот салон во Битола е само уште еден настан на кој се дегустира вино и на кој ја имате можноста лично да се запознаете со винарите и да ги слушнете нивните индивидуални приказни, се лажете.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини