ЊУЈОРК ТАЈМС ЈА КУПИ ИГРАТА „WORDLE“ Крстозборот секојдневно го решаваат милиони луѓе (ВИДЕО)

Крстозборите пак се во мода, а играта Wordle ja играат милиони луѓе дневно.

201

Њујорк тајмс“ вчера објави дека компанијата ја купила популарната игра „Wordle“, која за само четири месеци откако се појави на Интернет доби милиони корисници, за „сума од седум цифри“, пишува Си-Нет. Сега за сега, играта бесплатно можете да ја играте овде. Но, во иднина можеби ќе ви треба посебна сметка и можеби весникот ќе почне да наплаќа.






Создадена од инженерот Џош Вордл, играта се состои од погодување збор од пет букви во шест обиди. Според весникот, играта пуштена во октомври на почетокот имала само 90 играчи. До почетокот на јануари, надмина 300.000 играчи, а сега милиони луѓе ја играат секој ден – делумно поттикнати од лесното споделување на резултатите без реклами.

– Играта го направи тоа што многу малку игри го направија – ја освои нашата колективна имагинација и нè зближи, смета Џонатан Нејт, генерален менаџер на одделот за игри на „Њујорк тајмс“.

Играта „Вордл“, ја смислил Џош Вордл, британец од Њујорк. Тој изјави дека весникот „и неговите вредности се во согласност со неговите погледи“ за овие прашања и е возбуден што отсега тие ќе ја водат играта во иднина.

Њујорк тајмс“, инаку, продолжува да вложува во нови производи, нудејќи посебна претплата за крстозбори и други игри со што надмина милион претплатници во декември.

Поврзани содржини