📽 „ТУРСКИТЕ ЛЕКАРИ ЈА ОСТАВИЈА ЌЕРКА МИ ДА УМРЕ“ Мајката на Британката која почина во Белград откри детали од трагичната приказна
Српските лекари ми кажаа дека ова е трет случај на авион со британски пациенти кои итно слетуваат во Белград поради компликации по естетските зафати извршени во странство, изјави мајката за Дејли Мејл.
Девојката поради која авион принудно слета на белградскиот аеродром и која подоцна почина во болница во Белград со години била матретирана поради изгледот, а се надевала дека операцијата од 3.000 евра ќе ѝ го промени животот, пишува британски Мирор. Нејзината мајка сега ги обвинува докторите во Турција за неуспешниот зафат и открива дека постојат и други вакви случаи со девојки кои одат на операција поради пониските цени.
Морган(20) починала во Белград откако ѝ се слошило во авионот додека се враќала дома враќајќи се од Истанбул со нејзиното момче. Aвионот принудно слета во Белград и што направи збрка во контролата на летање.
Неколку дена пред операцијата Морган го објави последното видео на ТикТок.
@m0rg4n.m4ri4My surgery date is 5/1/24 IF YOU WANT TO FOLLOW MY JOURNEY IVE TAGGED MY WLS ACCOUNT ❤️♬ Confidence (sped up version) – Ocean Alley
„Мојот последен пост пред операцијата за слабеење – се гледаме од другата страна“, напишала таа во видео по операцијата. Нејзината мајка Ерин објаснува дека не знаела за операцијата сé додека Морган не се качила во авионот.
– Кога дознав, веќе беше доцна, таа веќе беше во авионот. Имав лошо чувство бидејќи имав слушнато секакви приказни за Турција – изјавила таа за британски „Индипендент“.
За Дејли Мејл мајката открила дека постојат повеќе случаи:
– Српските лекари ми кажаа дека ова е трет случај на авион со британски пациенти кои итно слетуваат во Белград поради компликации по естетските зафати извршени во странство – изјави мајката за Дејли Мејл и додаде:
– Тие луѓе треба да се сопрат. Нив ги интересира само да им продадат сон на нашите млади. Но, за што им е тој сон? За да ги прилагодат на притисоците на општеството – во очај вели мајката на Морган.
На 9 јануари, Морган доживеа срцев удар и почина четири дена подоцна во 4 часот наутро.
Патувањето во Турција ѝ било прво излегување на Морган во странство, пишува Мирор. Таа требало да ја има операцијата во Швајцарија каде и ги платила парите, но зафатот бил изведен во Турција.