ТРУДНИЦИ, ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВАШЕТО БЕБЕ КОГА ЌЕ КИВНЕТЕ? Дали ако почувствувате болка тоа може да влијае на фетусот?

Дури и нешто едноставно како кивањето за време на бременоста може да ве натера да се запрашате: Што се случува со вашето бебе во утробата? Што ако почувствувате болка додека кивате? Дали кивањето може да влијае на фетусот?

155

Бремените жени, особено во подоцнежните фази од бременоста, чувствуваат како нивните бебиња икаат, се движат, се протегаат и се вртат – толку многу што честопати може да доживеат незгодни удари во грлото на матката или мочниот меур. Но, интересно е да се запрашаме дали нешто се случува и кај бебињата во матката.

Дури и нешто едноставно како кивањето за време на бременоста може да ве натера да се запрашате: Што се случува со вашето бебе во утробата? Што ако почувствувате болка додека кивате? Дали кивањето може да влијае на фетусот?






Прво, дури и најсилното кивање нема да му наштети на вашето бебе. „Не треба да се грижите кога кивате додека сте бремени“, вели д-р Камела Филипс, овластен гинеколог, на Ромпер. „Кивањето предизвикува брзо, но привремено зголемување на абдоминалниот притисок. Меѓутоа, овој моментален притисок не може да ѝ наштети на тврдината што ја претставува вашата матка. „Дебелиот мускул на матката и плодовата вода што го опкружуваат бебето обезбедуваат одлична заштита од оваа промена на притисокот“, објаснува Филипс.

„Бебињата можат да почувствуваат дека мајката кива во тој момент и тие можат да се помрднат и да одговорат на тоа“, вели д-р Алис Сатон, асистент клинички професор на Универзитетот во Сан Диего.

Што точно се случува кога кивате додека сте бремени прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини