ТРИТЕ ТИПОВИ ГАЛАКТИЧКИ ЦИВИЛИЗАЦИИ Ќе стигне ли човештвото барем до тип 1?
Тип 1 е планетарната цивилизација. Тоа е цивилизација која ја користи енергијата на целата планета. Поточно, тоа е енергијата еднаква на онаа што ја добиваме од нашето Сонце. Потоа следува типот 2. Оваа цивилизација може да ја црпи енергијата на својата домашна ѕвезда. Тоа би значело енергија колку што поседува целото Сонце. И на крајот, тип 3, тоа би било кога човештвото ќе ја исползува енергијата од целата домашна галаксија, во случајот тоа е нашиот Млечен Пат.
Има неколку начини на кои можеме да го измериме колку напреднала нашата или некоја вонземска цивилизација. Растот на населението, подемот и падот на империите, способност да се посегне по ѕвездите…Но, можеби поточна мерка е да се пресмета количината на енергија што можеме да ја црпиме. Според рускиот астрофизичар Николај Кардашев постојат три типа цивилизации, а моментално човештвото е на нула на неговата скала предложена во 1964 година, пишува НаученАларм.
Тип 1 е планетарната цивилизација. Тоа е цивилизација која ја користи енергијата на целата планета. Поточно, тоа е енергијата еднаква на онаа што ја добиваме од нашето Сонце. Околу 1016 вати сончева енергија стигнуваат до Земјата во просек, а човештвото моментално користи околу 1013 вати. Според Карл Саган, кој ја популаризираше скалата на Кардешев, тоа во моментов нè става на околу 0,73. Значи, блиску сме до 1.

Потоа следува типот 2. Оваа цивилизација може да ја црпи енергијата на својата домашна ѕвезда. Тоа би значело енергија колку што поседува целото Сонце. Ова можеме да го очекуваме од некоја напредна вонземска цивилизација. И на крајот, тип 3, тоа би било кога човештвото ќе ја исползува енергијата од целата домашна галаксија, во случајот тоа е нашиот Млечен Пат.
Теоретски една цивилизација би можела да оди и понатаму во црпењето „струја“. Но, за почеток, што ни е потребно за да станеме тип 1? Ново истражување објавено во arXiv ги разгледува нашите три опции, фосилни горива, нуклеарки или енергија од обновливи извори, оние кои веќе ги користиме. Според статијата, доколку човештвото се сконцентрира само на производство на енергија тоа може да стигне до тип 1.
Тука секако ќе мора да ги исфрлиме фосилните горива. Горењето на секој килограм вакво гориво може да створи загадување кое ќе нѐ збрише од планетата. Затоа тимот во равенката ги земал меѓународните конвенции за климатски промени, кои ќе нѐ закочат на овој пат. Подобро да ги пробаме другите опции, или можеби новите технологии на нуклеарна фузија.
Според студијата, тип 1 можеме да станеме не порано од 2371 година, што значи за околу 350 години. Ова не значи дека до тогаш нема да бидеме високотехнолошки развиени. Всушност, скалата Кардашев кажува многу за нашето црпење „струја“, но не и за останатата технологија.
Дури, можно е со текот на времето да сфатиме дека толкави количества енергија можеби и не ни се потребни.