ТРИГОДИШЕН ГЕНИЈАЛЕЦ РАСТУРА МАТЕМАТИКА, А ГО БИВА И ЗА ЈАЗИЦИ Погледнете ги неговите видеа

Покрај неговите неверојатни математички способности, тригодишниот Изи сака и јазици. Тој често решава математички задачи користејќи римски бројки, а самиот се научил да пишува броеви и на италијански и на француски. Неодамна почнал да учи шпански, а неговата мајка вели дека може да брои на девет различни светски јазици, вклучувајќи го и јапонскиот.

291

Сите сакаме да мислиме дека нашите деца се надарени, но вистината е дека има многу малку кои се вистински генијалци. Еден од нив е несомнено тригодишниот Исаја Гиамфри, попознат како Изи Џи на Инстаграм.

На неговиот профил, кој го следат над десет и пол илјади луѓе, неговата мајка редовно објавува видеа на кои јасно се гледа неговата способност со леснотија да решава математички задачи кои би ги ставиле во мисла и повеќето родители.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини