ТРИЕСЕТДНЕВЕН ПОСТПОРОДИЛЕН ПРИТВОР – ОЛ ИНКЛУЗИВ Според кинеската традиција, свекрвата готви и го бања бебето, мајката одмара

Кога ќе се врати дома по породувањето, не е реткост жената да помисли дека повеќе би сакала сите да ја остават на мир, а таа само да одмара. Некои култури им го овозможуваат на жените токму тоа, па и оваа свекрва почитувајќи ја кинеската традиција ѝ го овозможила ова на својата снаа Саманта.

244

Кога жената ќе роди дете, често тие први недели минуваат како во магла, повремени посети, постојана грижа за бебето…

Во зависност од временските услови, излегувањето со бебето често е реткост, освен ако жената не живее во зона каде што времето е токму тогаш идеално, каде што сѐ ќе се поклопи и жената може и има волја.






Понекогаш може да се случи едноставно да не ви се излегува. Но, дали знаевте дека според некои стари верувања и во некои древни култури, жените треба да останат дома и да се одморат што е можно подолго, со денови или дури и со недели?

Една таква практика потекнува од кинеската традиција, а припадниците на оваа нација ја практикуваат и денес. Се разбира, не сите, но сепак, опстојува меѓу луѓето.

Во ова се уверила една новопечена мајка чија свекрва ѝ предложила „постпородилен притвор“.

Повеќе за оваа традиција, како и дел од видеата на Саманта, побарајте на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини