ТРИ ПРИЧИНИ ЗОШТО ПУТИН Е ИСПЛАШЕН ДА ГО СТИСНЕ КОПЧЕТО Мејл од службата ФСБ открива што се случува зад димната завеса

Трето, и ова е најодвратното и најтажно, јас лично не верувам во волјата на Путин да се жртвува кога тој не дозволува ниту неговите најблиски министри и советници да бидат во негова близина, истакнува агентот.

741

Рускиот претседател Владимир Путин е премногу „исплашен“ да користи нуклеарно оружје во неговата војна со Украина, открива е-пошта напишана од агент-свиркач на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Мејлот, со датум од 4 март наведува три причини зошто тоа мора да е така, а не поинаку. Свиркачот вели дека нуклеарната бомба ќе биде заменета со друга можност, а тоа е за помал, „локализиран нуклеарен напад“, не поради пробивање на фронтот, туку „за да се исплашат сите други на Запад“, стои во напишаното.

Агентот и свиркач што го напишал мејлот го користи кодното име Ветрот на промените, а тој често му праќа вакви писма на Владимир Осечкин, руски дисидент и активист кој сега живее во Франција. Потоа Осечкин ги праќа писмата до Њузвик и до други западни медиуми.






Кои се трите причини зошто Путин нема да го стисне копчето?

Не одлучува тој за тоа, цел Кремљ ќе го одбие

„Не верувам дека Путин ќе го притисне црвеното копче за да го уништи целиот свет. Прво, не е една личност која одлучува, а некој ќе одбие. Има многу луѓе таму и нема ниту едно „црвено“ копче“, напишал агентот и свиркач од ФСБ.

Не знаеме колку е ефикасно руското оружје?

Агентот, исто така, смета дека постои загриженост во ФСБ за ефикасноста на руското нуклеарно оружје.

„Второ, постојат одредени сомнежи дека (рускиот нуклеарен арсенал) всушност не функционира правилно“, продолжува тој.

„А каде што не се знае кој што контролира и како, а (пред медиумите) секогаш тој известува полн со храброст, секогаш има проблеми. Не сум сигурен дека системот „црвено копче“ функционира според декларираните податоци. Освен тоа, горивото со плутониум мора да се менува на секои 10 години“.

Тој се плашеше од короната, не па од нуклеарна зима

Според агентот на ФСБ, стравот на Путин од смртта на крајот ќе го спречи да го притисне „црвеното копче“.

„Трето, и ова е најодвратното и најтажно, јас лично не верувам во волјата на Путин да се жртвува кога тој не дозволува ниту неговите најблиски министри и советници да бидат во негова близина“, истакнува агентот.

„Дали тоа е поради неговиот страв од ковид-19 или од можен атентат, не е важно“, се заклучува во мејлот.

Поврзани содржини