ТРИ НЕДЕЛИ БЕЗ ТЕЛЕФОН, СЕ ПОДЕЛОТВОРНИ ОД ДВЕ НЕДЕЛИ ОДМОР Експеримент за апстиненција од мобилни со ученици во Германија и Австрија

За менталното здравје на учениците, три недели мобилен пост носат повеќе придобивки од две недели училишен распуст, покажал експеримент спроведен во Германија кој неодамна отпочна и во Австрија

18

Децата идеално треба да добиваат паметни телефони после 13-годишна возраст, а возрасните имаат обврска да дејствуваат како пример. Ова го објаснија експертите на симпозиумот „Мобилна зависност“ на приватниот универзитет „Зигмунд Фројд“ во Виена.
Мобилните телефони, а со тоа и 24-часовната и секаде достапна интернет-врска, вклучувајќи ги социјалните медиуми, игрите, обложувањето, платформите за самопрезентација и вештачката интелигенција, пристигнаа во општеството ширум светот за да останат.

– На 9 јануари 2007 година, основачот на Apple, Стив Џобс, го претстави првиот паметен телефон. Во 2017 година, имаше две милијарди уреди низ целиот свет, во 2022 година беа 5,3 милијарди, а сега достигнуваме седум милијарди – рекол Роланд Мадер, медицински директор на Институтот „Anton Proksch“ во Виена, на симпозиумот на тема „Mobile Addiction – Specter or Scourge of Our Time?“.






Според експертите, „зависноста од мобилни телефони сè уште не е термин за болест каталогизиран од Светската здравствена организација. Но, ќе стане. Дел од зависноста од интернет се префрла на мобилните уреди. Забрзувач беше пандемијата Ковид-19. Околу четири проценти од адолесцентите во Австрија се зависни од мобилни телефони. Возрасните поминуваат четири и пол часа на ден на своите телефони. Повеќе нема да се ослободиме од тоа. Гледаме во телефонот помеѓу 88 и сто пати на ден.“

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

 

Поврзани содржини