ТРИ НАГРАДИ ЗА „ТИКВЕШ“ НА БАЛКАНСКИ ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ ВО СОФИЈА Виното е мост на пријателство помеѓу балканските народи
„Тиквеш“ на бугарскиот пазар продава 500.000 литри ракија и вино и има удел од 1 милион евра. Наградите ги освои во конкуренција од 280 винарии, производители и увозници на вино од сите балкански земји.
Во конкуренција на 280 винарии, производители и увозници на вино од сите балкански земји, „Тиквеш“ доби три награди на 11. Балкански вински фестивал. Признанијата ги доби во категоријата Најдобро суво вино/Балкан Шоу.
Извршниот директор на Тиквеш Радош Вукичевиќ, за МИА во Софија изјави дека форумот е многу добра платформа за позитивна конкуренција меѓу балканските производители, извозници и трговци со вино. „Тиквеш“ на бугарскиот пазар продава 500.000 литри ракија и вино и има удел од 1 милион евра.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.