ТРИ НАЧИНИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ Може целосно да се регенерира дури и кога е оштетен за повеќе од 50%
Црниот дроб е најважниот метаболички орган во телото. Меѓу другите задачи, тој има улога на прочистување на крвта од токсини и отрови. Дури и кога е оштетен за повеќе од 50%, може целосно да се регенерира. Оваа негова способност е клучна за нашето здравје!
Денешниот свет е различен од светот во кој се живеело порано. Пред сто години, сите туѓи супстанции со кои се среќаваа луѓето доаѓаа од растителниот свет. Во нашата модерна ера, создадовме илјадници нови хемиски соединенија кои нормално не постојат во природата.
Многу хемиски соединенија се дел од нашата исхрана (конзерванси, ароми, бои). Други ги внесуваме со лекови што многумина од нас ги користиме секој ден. Хемијата се користи и во козметиката, средствата за чистење, печатењето, текстилната индустрија итн.
Сите овие хемикалии секој ден минуваат низ нашиот црн дроб, кој мора да се справи со овој товар. Во повеќето случаи, успева да ја исчисти крвта од овие токсини, но постојат ситуации кога црниот дроб е навистина преоптоварен и му е потребна помош, на пример:
при заболување на црниот дроб
труење
прекумерна употреба на лекови
прекумерна употреба на алкохол
неправилна исхрана во подолг временски период
Луѓето отсекогаш знаеле и користеле растенија кои го штитат и регенерираат црниот дроб.
Повеќе за растенијата за регенерација на црниот дроб, како и за начинот на подготовка и на примена, прочитајте ТУКА.