ТРЕНД ИЛИ ВИСТИНСКИ ПРОБЛЕМ Зошто глутенот сè повеќе ни пречи?
Глутенот може да му наштети на нашиот организам на неколку начини. Најчесто се манифестира на почетокот како замор и пад на енергијата, па дури и дебелеење без прекумерен внес на калории и дигестивни тешкотии, но ова се само некои од многуте симптоми
Зошто на толку многу луѓе наеднаш им пречи глутенот? Исхраната на луѓето од многу одамна се заснова на леб и производи од пченица, но денес сѐ повеќе луѓе бараат храна без глутен и има сѐ повеќе полици во продавниците со безглутенски производи.
На прво место се виновни навиките во исхраната во која доминираат јаглехидратите, особено лебот и пекарските производи. Покрај тоа, пченицата не е она што беше. Имено, пред околу педесетина години, научниците направиле сој на џуџеста пченица (Franken Wheat, Triticum Aestivum) која расте двојно побрзо, дава поголеми приноси и е двојно поиздржлива од традиционалната пченица. Оваа џуџеста пченица најчесто се одгледува денес и има десет пати повеќе глутен и скроб од традиционалната пченица. Се одгледува од комерцијални причини со генетски инженеринг за да биде отпорна на пестициди, штетници и болести. Токму во оваа пченица има многу повеќе нови, необични пченични протеини кои можат да ни предизвикаат тешкотии.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.