📽️ТРАМП СО АИ ГО ПРЕТВОРИ ОБАМА ВО МАЈМУН Дали изборите во 2020 година беа украдени?

Не му е првпат на Трамп да објавува сатирични и понекогаш контроверзни фотомонтажи направени со вештачка ингелигенција. Минатата година Трамп објави и АИ-видео во кое Обама беше прикажан како уапсен во Овалната соба и потоа зад решетки во портокалово затворско одело.

165

Претседателот Доналд Трамп објавил видео генерирано со вештачка интелигенција на својата мрежа „Truth Social“, во кое поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел Обама се прикажани како мајмуни во џунгла. Кадрите се појавуваат кратко, околу една секунда, но доволно долго за да предизвикаат жестоки реакции.

На снимката се пласираат врдења дека американската софтверска компанија „Dominion Voting Systems“, дел од мрежата на Демократската партија зад која стоел Обама, наводно помогнала Џо Бајден да ја украде победата на претседателските избори во 2020 година. 






Објавата предизвика остри осуди од истакнати демократи. Канцеларијата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, реагирала јавно на Икс.

„Одвратно однесување од страна на претседателот. Секој републиканец мора да го осуди ова. Веднаш“.

Со силна критика се јави и Бен Роудс, поранешен висок советник за национална безбедност и близок соработник на Обама.

„Нека Трамп и неговите расистички следбеници бидат прогонувани од фактот дека идните Американци ќе го прифатат Обама како сакана историска личност, додека го проучуваат како дамка во нашата историја“.

Не му е првпат на Трамп да објавува сатирични и понекогаш контроверзни фотомонтажи направени со вештачка ингелигенција.

Минатата година Трамп објави и АИ-видео во кое Обама беше прикажан како уапсен во Овалната соба и потоа зад решетки во портокалово затворско одело. Подоцна Трамп сподели и видео со лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, прикажан со лажни мустаќи и сомбреро.

Џефрис тогаш го нарекол постот расистички.

Поврзани содржини