📽 ТРАМП ПРЖЕШЕ ПОМФРИТ ВО МЕКДОНАЛДС Направи шоу за да ја исмее Камала
Доналд Трамп, по ескалацијата на личните напади врз Камала Харис во саботата, изјави дека ќе работи во недела во ресторан на Мекдоналдс во Пенсилванија, „само за забава“, за да ја исмева Харис. Советникот на Трамп, Џејсон Милер, уште тогаш најави дека Трамп ќе работи во делот за помфрит во ресторанот.
Облечен во престилка, републиканскиот претседателски кандидат го подигна помфритот од врелото масло, го протресе, посоли и го стави во садови за сервирање. Тој ги пофали вработените и компанијата, а потоа ја извади главата низ прозорецот и мавташе кон толпата што се собра преку улицата. Почна да им дели хартиени ќесиња со помфрит на луѓето во автомобилите кои чекаа на ред, пишува Вашингтон пост.
Вака изгледаше сцената во Мекдоналдс, Пенсилванија, каде што републиканскиот кандидат за претседател ги покажа неговите вештини за подготвување помфрит, како и неговата скромност, послужувајќи ги гладните гости.
Демократката Камала Харис, пак, посети црква во Џорџија на нејзиниот 60-ти роденден во неделата, во обид да добие што е можно повеќе гласови предвреме.
Харис и Трамп, изедначени во трката за претседател во најконкурентните држави, ги засилија своите напади еден врз друг во последните денови, додека се обидуваат да добијат поддршка преку предвремено гласање по пошта или лично гласање на само 16 дена до изборите на 5 ноември.
Харис присуствуваше на служба и одржа говор во баптистичката црква „Њу брт“ (New Birth) во Стоункрест, Џорџија. Осврнувајќи се на искуствата од детството, Харис повлече остар контраст со грубата и раздорна реторика на актуелната политичка клима, иако таа не го спомна Трамп по име.
Трамп, по ескалацијата на личните напади врз Харис во саботата, изјави дека ќе работи во недела во ресторан на Мекдоналдс во Пенсилванија, „само за забава“, за да ја исмева Харис. Советникот на Трамп, Џејсон Милер, уште тогаш најави дека Трамп ќе работи во делот за помфрит во ресторанот.
Харис вели дека работела во Мекдоналдс кога била млада, а Трамп вели дека не ѝ верува.