ТРАМП ОТВОРА „ЅВЕЗДЕНА ПОРТА“ ЗА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА 500 милијарди долари ќе бидат вбризгани за дата центри во САД

За да ја овозможи инвестицијата Трамп поништи одлука од ерата на Бајден со која беа дадени насоки за регулирање на вештачката интелигенција.

1,297

Старо-новиот американски претседател Доналд Трамп одобри инвестиција од 500 милијарди долари во вештачката интелигенција. Со вложувањето на три гигантски фирми треба да се изградат масивни компјутерски центри во САД, кои ќе црпат многу, многу струја, пишува Футуризам.

Првиот од овие објекти, според извештајот, ќе биде изграден некаде во Тексас. Проектот наводно се нарекува „Ѕвездена порта“.






Се работи за заедничко вложување помеѓу креаторот на ЧатГПТ ОпенАИ, јапонската инвестициска групација СофтБанк и корпорацијата Оракл.

За да ја овозможи инвестицијата Трамп поништи одлука од ерата на Бајден со која беа дадени насоки за регулирање на вештачката интелигенција.

Сега, со укинувањето на таа наредба, индустријата за вештачка интелигенција е повторно слободна да ужива во дерегулаторното игралиште.

Директорите на СофтБанк и ОпенАИ одбија да коментираат за договорот. Но, извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман, присуствуваше на инаугурацијата оваа недела и, како и многу други високи технолошки директори во последните недели, донираше готовина во инаугуративниот фонд на Трамп.

Исто така, извршниот директор на Оракл, Лари Елисон, е долгогодишен сојузник и донатор на Трамп, а извршниот директор и милијардер на СофтБанк, Масајоши Сон, беше еден од многуте технолошки лидери кои патуваа на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго по изборите.

Трамп на брифинг со новинарите го спомна Елисон заедно со Илон Маск како едни од луѓето кои би сакал да ја купат социјалната мрежа Тик-ток. Трамп ја тргна законската забрана за Тик-ток во САД  во следните 75 дена за да се реши проблемот.

Поврзани содржини