ТРАМП МОЖЕ ДА БИДЕ ТОЈ ШТО ЌЕ МУ СООПШТИ НА ЧОВЕШТВОТО ДЕКА НЕ СМЕ САМИ ВО УНИВЕРЗУМОТ!? Нов документарец за НЛО со сведочења на 34 високи владини функционери, разузнавачи, политичари, меѓу нив и Марко Рубио

Мислам дека на оваа точка само прашање на време е кога актуелниот претседател ќе застане пред микрофон и ќе го има најголемиот момент што може да го има еден лидер – да ѝ соопшти на целата човечка раса дека не сме сами во универзумот и дека САД имаат намера да го предводат патот - рече Фара, автор на документарецот, кој треба да биде премиерно прикажан следната недела.

172

Десетици години воени пилоти, радарски оператори и обични граѓани пријавуваат чудни објекти што се движат низ небото, но нивните сведоштва често биле игнорирани или класифицирани од властите. И покрај конгресни сослушувања и специјални владни групи, јавноста сè уште има малку информации за тоа што навистина гледаат луѓето.

Сега, режисерот и продуцент Ден Фара (Dan Farah) во својот нов документарец „Ера на обелоденување“ (“The Age of Disclosure”) објавува детали за оваа мистерија. Во разговор со водителот Брет Баер на „Фокс њуз“ режисерот Фара вели дека долго време јавноста, Конгресот, па дури и претседателот биле исклучени од информациите за овој феномен. Благодарение на свиркачи, неколку високи членови на Конгресот и администрацијата откриле што се случува, и сега ја бараат вистината за себе и за граѓаните.






Филмот ќе биде прикажан на 21 ноември во одбрани киносали во Њујорк, Вашингтон и Лос Анџелес, а ќе биде достапен и глобално за купување или изнајмување преку „Амазон Прајм Видео“ (Amazon Prime Video).

Филмот го истражува наводното „80-годишно глобално прикривање“ на вонземски интелигентен живот и тајната трка меѓу светските велесили да ја проучат и реконструираат напредната технологија од вонземско потекло. Во документарецот се прикажани интервјуа со 34 високи функционери на американската влада, војската и разузнавачките служби, вклучувајќи го и државниот секретар Марко Рубио.

– Сите што ги интервјуирав јасно ставија до знаење дека повеќе не станува збор за тоа дали ова е реална ситуација. Тоа е многу реална ситуација – рече Фара во разговорот за „Фокс њуз“.

Фара, кој работел на филмот повеќе од три години, рече дека секоја личност со која разговарал имала „директно знаење за ова прашање“ и „огромен кредибилитет.“

– Во повеќе наврати регистриравме летала кои оперираат во воздушен простор каде е строго забрането движењето, зашто се наоѓа над нуклеарни постројки, и тоа не беа наши летала – вели0 Рубио во трејлерот.

Филмот исто така открива како американската влада води тајна, високоризична „студено-воена трка“ со држави како Кина и Русија за таканаречен „обратен- инженеринг“, односно проучување, копирање и реконструкција на технологија од вонземско потекло.

– Многу долго време, јавноста, Конгресот, па дури и претседателот беа исклучени од информациите за оваа тема. Во последните неколку години, високи членови на Конгресот и високи претставници на администрацијата – благодарение на укажувачи – дознаа што се случува, и сега ја бараат вистината за себе и за американскиот народ. Во филмот има луѓе кои се почитувани во своите области и кои велат дека ги виделе овие летала, како и пронајдените тела на вонземјанирече Фара.

Тој рече дека официјалните интервјуата со име и презиме („он рекорд“) добиваат уште повеќе на значење денес, зашто во ова дигитално време многумина ги отфрлаат сите видени работи како лажни или создадени со вештачка интелигенција. Се надева дека филмот ќе послужи како доказ за кој многумина веруваат дека не постои

– Некои официјални лица јавно тврдат дека со свои очи виделе летала и вонземјани, и тоа се луѓе кои го ризикуваат својот углед и своите имиња – рече тој.

Фара верува дека претседателот Доналд Трамп би можел да биде првиот претседател што отворено ќе зборува за овој необјаснет феномен.

– Мислам дека на оваа точка само прашање на време е кога актуелниот претседател ќе застане пред микрофон и ќе го има најголемиот момент што може да го има еден лидер – да ѝ соопшти на целата човечка раса дека не сме сами во универзумот и дека САД имаат намера да го предводат патот – рече Фара.

Поврзани содржини