🎥 ТОРНАДО ВШМУКАЛО БЕБЕ ВО САД Родителите по бурата го пронашле живо

Бев речиси сигурна дека е мртов и дека нема да го најдеме. Но тој е тука, со милоста Божја, го најдовме како лежи на дождот, на паднато дрво, раскажува мајката на бебето по стравичната бура која им го разурна домот во местото Кларксвил во Тенеси.

296

Четиримесечно момче е пронајдено живо откако торнадо во Тенеси, САД, го вшмукало од мобилниот дом во кој живеело неговото семејство. Мајката на детето, Сиднеј Мур, изјави за WSMV-TV дека торнадото што го погоди нивниот дом во Кларксвил во саботата го откорнало покривот и го подигнало креветчето на нејзиниот син.

Таткото на детето, се обидел да ја грабне колевката со бебето, но бил фатен во торнадото.






-Цело време само се држеше за лулката, одеа во круг, а потоа торнадото ги фрли – вели мајката на бебето.

Речиси во исто време, во друга соба, Мур скокнала врз нивниот друг едногодишен син за да го заштити. Таа го грабнала детето додека ѕидовите се уривале. Сиднеј Мур и едногодишното дете завршиле под превртената приколка, но мајката успеала да го извлече детето.

Помладиот син го барале 10 минути, а на крајот го нашле како лежи на паднато дрво на дождот.

– Бев речиси сигурна дека е мртов и дека нема да го најдеме. Но тој е тука, со милоста Божја – вели мајката.

Сите членови на семејството преживеале со скршеници,  исеченици и модринки, но нивниот дом и имотот се целосно уништени. Хуманитарна организација обезбедила привремен дом за семејството, а сестрата на Сиднеј Мур, Кетлин започна кампања GoFundMe за да им помогне да закрепнат.

Во изминатите денови повеќе од 16.000 долари се собрани преку GoFundMe за поддршка на семејството по смртоносното избивање на торнадо во саботата, во кое загинаа шест лица, а десетици други беа повредени во областа на Кларксвил и Нешвил.

Поврзани содржини