ТОМА НИКОГАШ НЕ ГО ОТПЕАЛ ДУЕТОТ СО СИЛВАНА Сцените од филмот кои не се случиле во животот на Тома Здравковиќ
Дека Тома водел боемски живот, исполнет со алкохол, комар и бројни љубовни врски, неговите фанови знаеја и пред прикажувањето на филмот, сепак, маестрално снимените сцени под инструкциите на феноменалниот Драган Бјелогрлиќ, направија вистински спектакл за „големото платно“.
„Тома“ е еден од најгледаните филмови на просторите од поранешна Југославија, приближувајќи им го приватниот живот на Тома Здравковиќ на милиони луѓе од регионот.
Дека Тома водел боемски живот, исполнет со алкохол, комар и бројни љубовни врски, неговите фанови знаеја и пред прикажувањето на филмот, сепак, маестрално снимените сцени под инструкциите на феноменалниот Драган Бјелогрлиќ, направија вистински спектакл за „големото платно“.
Но, не сè што е прикажано во „Тома“, всушност му се случило на Тома. Да одиме по ред.
Тома и Силвана никогаш не снимиле дует
Иако биле блиски соработници, Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ никогаш не снимиле дует.
Нумерата „За Лилјана“ не е напишана во чест на Лилјана, жената на лекарот на Тома. Всушност песната е посветена на актерката Лилјана Благоевиќ. И самиот д-р Хаџипоповиќ е измислен лик.
Тома имал четири брака
Во филмот е прикажано дека Тома се женел два пати, иако во реалниот чивот тој дури четири пати „застанал на лудиот камен“. Во стварноста имал и две деца, родени во два брака.
Три брата и сестра
Родителите на Тома, Косара и Душан имале пет деца, четири сина и една ќерка. Тома бил третиот во низа.
Дрда е измислен лик
Менаџерот Дрда толкуван од Андрија Кузмановиќ е фиктивен лик. Слично како и неговиот однос со лекарот, преку ликот на Дрда веројатно сценаристите сакале да ги прикажат релациите со неговите пет менаџери.
Концертот во Сараево
Тома Здравковиќ бил голем пријател со Даворин Поповиќ и Кемал Монтено, сепак тројцата не пееле заедно за време на неговиот последен концерт во Сараево.