ТОЈОТА ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ ФАБРИКИ ВО ЈАПОНИЈА Грешка во системот предизвика хаос во производството
Портпаролот на компанијата изјави дека производните линии „не можеле да ги испорачаат нарачаните делови поради грешка во системот“, неизвесно е кога фабриките на Тојота ќе можат да го обноват производството.
Тојота Мотор Корпорација денеска објави дека е принудена да ги затвори сите 14 фабрики во Јапонија.
Портпаролот на компанијата изјави за АФП дека производните линии „не можеле да ги испорачаат нарачаните делови поради грешка во системот“, пренесува Teletrader.
Сепак, јапонскиот автомобилски гигант вели дека не верува дека грешката е предизвикана од сајбер напад.
Како што се наведува, неизвесно е кога фабриките на Тојота ќе можат да го обноват производството.
Првично, погоните во фабриката Mијата во префектурата Фукуока и фабриката на Тојота Дајхатсу во Кјото не беа погодени од проблемот, но подоцна Тојота најави и нивно затворање.