📷 ТОЈ Е ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ – ГО НАКИТИЛ ПЕНИСОТ СО 11 Несреќникот завршил на операција
Спасувачката служба го пронашла онесвестен неименуваниот несреќник од Бангкок, па со маки ги извадила сексуалните помагала.
Ерекцијата може да се подобри, издржливоста во сексот може да се зголеми, а задоволството може да го постигне својот климакс со помош на посебно дизајнирани прстени кои лесно се купуваат од секс шоповите и се ставаат на машкиот полов орган.
На таква идеја се досетил и некој неименуван несреќник од Бангкок, но тој решил да го зголеми магичниот ефект, па си ставил 11 вакви прстени на половиот орган по што завршил во болница.

Спасувачката служба го пронашла онесвестен, па со маки ги извадила сексуалните помагала. Гениталиите му отекле поради тесно затегнатите прстени, а медицинскиот персонал бил принуден да најде начин да ја вметне уретралната цевка поради опструкција на урината.
Фотографии од зафатот во меѓувреме се објавија и на Фејсбук.