„ТОЈ Е АРОГАНТЕН МИЛИЈАРДЕР“ Маск одбива да ги тргне од Икс снимките од нападот во Сиднеј

Во меѓувреме Маск објави хумористична сликичка, меме, со која ја обвини австралиската влада за цензура.

362

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече Илон Маск арогантен милијардер, откако платформата Икс која ја поседува Маск го одложи отстранувањето на снимките од минатонеделниот напад во црква во Сиднеј, пишува Би-Би-Си.

Во меѓувреме Маск објави хумористична сликичка, меме, со која ја обвини австралиската влада за цензура.






„Би сакал да го искористам овој момент за да му се заблагодарам на премиерот што ѝ посочи на јавноста дека оваа платформа е единствената што ја покажува вистината“, напиша Маск.

Милијардерот претходно ја критикуваше австралиската комесарка за безбедност на Интернет, Џули Инман Грант, опишувајќи ја како „австралиска комесарка за цензура“.

Премиерот на Австралија Албанез застана во одбрана на Инман Грант, велејќи дека таа ги штити граѓаните на Австралија.

– Социјалните медиуми мора да бидат и општествено одговорни. Тоа не е случај со Маск. Икс мора да ги отстрани спорните снимки во рок од 24 часа по одлуката на судот – додаде тој.

Социјалната мрежа Икс на Маск доби неколку опомени да ги отстрани снимките. Откако независен регулатор на интернет се закани со висока казна, Икс тврдеше дека оваа одредба не е во опсегот на австралиското право.

Регулаторот потоа побара судска забрана, па наскоро стигна наредба од Австралискиот суд до Икс да ги тргне видеата.

Целиот случај беше нашироко коментиран на социјалните мрежи.

Нападот во црвката Христос Добриот Пастир беше прогласен за терористички чин во Австралија.

 

 

 

 

Поврзани содржини