ТИТО ПРАЌАШЕ ВОЗАЧ ЗА МЕНЕ, МУ БЕВ ОМИЛЕНА! Маршалот пред смртта побарал од оваа пејачка да седне до него
Слушам дека си дипломирала? И дека си доживеала сообраќајна несреќа? Како си сега?, праша Тито додека седевме покрај огнот во Караѓорѓево. Сфатив дека тој знае сè за мене и дека ми верува. За време на свадбената церемонија во Караѓорѓево му ја испеав песната „Заѕвони“ на Тито, а на Јованка песната „Салаш у мало рит“ која многу ја сакаше, изјавила Вера Цветиновиќ.
Таа му била омилена на Тито, ја донел кај Јованка, а се зборува дека ја барал пред смртта. Пејачката, новинарка и водителка Вера Цветиновиќ беше миленичка на претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито.
Речиси дваесет години уживаше во неговата почит и му пееше повеќе од триесет пати. Чувството за музика и добар глас го наследила од нејзиниот татко, Мирко Цветко, тамбураш по потекло од Кутјево, пренесува Мондо.
– Во тие години ги пеев песните на Ивица Шерфези, Ѓорѓе Марјановиќ и Тереза Кесовија. А кога со моето друштво отидов на турнеја во Јужна Америка, ги научив песните на татко ми од Загорје и српските песни на мајка ми. Во меѓувреме, Извршниот совет на Војводина есента 1974 година во Мошина Вила подготвуваше дочек за Јосип Броз на Фрушка Гора, па ме поканија за прв пат да му пеам на Тито. Во тоа време се носеа мини сукни, а јас отидов на прием во природа со долгиот фустан на баба ми – изјави Вера Цветиновиќ, пренесува „Nezavisne.com“.
Самата Вера призна дека му била омилена на Тито и откри каков третман добивала од него:
– Деценија ипол му бев омилена на Јосип Броз. Му пеев најмалку триесет пати. Тито едноставно испраќаше возач и „Мерцедес“ да ме земат и да ме однесат во Караѓорѓево, во Фрушка Гора или дури во Бугојно за него и на Јованка да им ги пеам омилените српски и загорски песни.
Вера во средината на седумдесеттите дење работела во ТВ Нови Сад, а навечер пеела во хотелот „Парк“. А потоа Тито дискретно ја следел, бидејќи се интересирал за нејзиниот живот и работа.
– Слушам дека си дипломирала? И дека си доживеала сообраќајна несреќа? Како си сега?, праша Тито додека седевме покрај огнот во Караѓорѓево. Сфатив дека тој знае сè за мене и дека ми верува. За време на свадбената церемонија во Караѓорѓево му ја испеав песната „Заѕвони“ на Тито, а на Јованка песната „Салаш у мало рит“ која многу ја сакаше – изјавила Вера.
Најголема популарност доживеала на новогодишната ноќ во 1976 година кога им пеела на Јованка и на Броз. На приемот во Нови Сад, претседателот на Југославија и првата дама ја слушале Вера со целата политичка елита.
И покрај сè, музичката кариера не ја фасцинирала, музиката ѝ била само хоби. Кога дипломирала новинарство, се вработила како водителка, потоа станала музички уредник на радиото во Нови Сад, а успешно се пробала и како телевизиска водителка.
Без разлика што на музиката гледала како на хоби, таа му пеела на Јосип Броз Тито до неговиот последен ден.
Наводно, Тито пред смртта побарал таа да седне до него и да му пее.