ТИТО НИКОГАШ НЕ ГО ВИДЕЛ ГРОБОТ НА МАЈКА СИ Која е тајната на родителите на Маршалот?

Зошто Тито никогаш не бил на гробот на своите родители, но и на гробот на своето прерано починато дете? Пред повеќе од 90 години, една ноќ на гробиштата во селото Купинец двајца селани копале мала дупка – доволно голема за во неа да влезе сандак за ковчег на починато дете. Не се плашеле дека некој ќе ги пронајде, целото село спиело. Кои биле тие?

1,538

Има многу непознати работи за животот на Јосип Броз Тито, иако тој е најистражуваниот југословенски политичар на сите времиња. Многумина не знаат дека неговите родители всушност биле погребани во селото Купинец во Хрватска, а не во Кумровац, каде што се наоѓа нивниот официјален гроб. Тито никогаш не го посетил вистинскиот гроб, а има и добра причина за тоа.

Таа приказна, за гробот на Купинец, всушност ги подгрева најголемите теории на заговор за Броз, кои тврдат дека тој не селанец, туку руски благородник или можеби дете на австриски гроф …






Зошто Тито никогаш не бил на гробот на своите родители, но и на гробот на своето прерано починато дете? Пред повеќе од 90 години, една ноќ на гробиштата во селото Купинец двајца селани копале мала дупка – доволно голема за во неа да влезе сандак за ковчег на починато дете. Не се плашеле дека некој ќе ги пронајде, целото село спиело. Кои биле тие?

Годината е 1920-та. Двајца мажи погребуваат момче кое е старо само два дена. Момчето е синот на Јосип Броз кое не можело да биде легално погребано, затоа што не било крстено и црквата не давала. Но, Тито не дозволил ова да го спречи да го погреба својот прерано мртов син.

Така Тито си го погребал детето, но не го обележал неговиот гроб во Купинец, ниту пак некогаш го видел, бидејќи закопувањето намерно било тајно направено.

Но, чекај, нели родното место на Тито е во Кумровец? Испаѓа дека родителите на Тито се преселеиле од Кумровец во селото Купинец близу градот Јастребарско во 1912 кога неговиот татко Фрањо добил куќа од банката за која работел. Тој бил шумар по професија, а банката имала голем шумски посед во селото.

Плочата на мама Марија и тато Фрањо

Сведоштвото за погребувањето на младото момче, синот на Тито во Купинец е раскажано во книгата „Нови прилози за биографијата на Јосип Броз Тито“ на Владимир Дедијер. Во неа, меѓу другото се вели дека Тито дошол од Русија, а со него дошла и неговата прва сопруга Пелагија.

– Стигнав таму (во Купинец) една вечер и ги најдов татко ми и еден од моите браќа на вечера. Ми кажаа дека мајка ми Марија починала во 1918 година. Само неколку часа подоцна, жена ми (Пелагија) го роди своето прво дете, син. Но, тој почина два дена подоцна – сведочи Тито во книгата.

Тајниот гроб во Купинец беше заборавен од југословенските власти, а гробот на родителите на Тито беше направен и се наоѓа во Кумровец. Таму камената плоча под која лежат коските на неговата мајка Марија, татко му Фрањо и сестрата Тилда е добро сочувана. Но, дали таму лежат вистинските коски на Марија и Фрањо?

За гробот во денешна Хрватска се грижат комуналци, а во тогашна Југославија се грижеа војници на ЈНА. Натписите на таблата откриваат уште една тајна за односот на Тито со родителите.

На горниот дел од гробната табла со огромни букви пишува „Титова мама“. Но, кај таткото Фрањо не пишува „тато“, туку „отац“, значи само татко. Ова не треба да нè чуди, ако знаме дека Тито никогаш не му простил на татко му за врската што ја имал со една вдовица по смртта на мајка му во 1918 година.

Дража Михајловиќ ширел гласини дека Тито е Русин

Владимир Дедијер во книгата и самиот истражувал колку е точна теоријата дека Тито е руски агент кој станал водач на антифашистичкото движење во Југославија. Одговорот се наоѓа во далечната 1941 година, на почетокот на Втората Светска Војна.

Во тоа време, весниците во Велика Британија и САД почнале да пишуваат за „рускиот агент Тито“. Но, изворот на овие тврдења бил четничкиот водач Дража Михајловиќ. Во септември таа година, Тито се сретнал со Дража, а токму по таа средба Дража почнал да шири гласини дека Тито воопшто не бил Југословен, туку Русин.

За среќа, Русите им кажале на Британците дека теоријата за нивниот агент е измислена, па потоа сојузниците (Британија, Англија и Америка) ја отфрлиле информацијата на четникот Михајловиќ како измислица.

Поврзани содржини